НБА: Лејкерси полека но сигурно фаќаат ритам

Можеби во блиското минато оваа ситуација би била највообичаена, но како стојат работите во последните две сезони, ова е момент кој треба да се одбележи – Лејкерси врзаа две победи по ред. Синоќа беше совладан Хјустон на негов терен со 92:98.

Иако без Двајт Хауард, Хјустон е еден од најсилните тимови сезонава во НБА лигата, а фактот што “езерџиите” оваа победа ја забележаа на гостински терен, добива уште повеќе на значење.

Најефикасен во победничкиот табор беше Коби Брајант со 29 поени, додека на спротивната страна Харден постигна 24 поени.

НБА резултати:

Индијана – Шарлот 88:86
Орландо – ЛА Клиперс 90:114
Кливленд – Сан Антонио 90:92
Филаделфија – Бостон 90:101
Детроит – Феникс 86:88
Торонто – Мемфис 96:92
Минесота – Њујорк 115:99
Вашингтон – Далас 102:105
Бруклин – Милвоки 118:122
Денвер – Оклахома 107:100
Хјустон – ЛА Лејкерс 92:98

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.