НБА лига: 33 поени на Тејтум за петти натпревар на Селтикс со Хит

Кошаркарите на Бостон Селтикс останаа во огра, откако ноќта кон средата ги совладаа во Мајами домашните Хит со 116:99 во четвртиот натпревар од финалето на Источната конференција и го намалика заостанувањето во серијата до четири победи на 1-3.

Џејсон Тејтум имаше 33 поени и 11 скокови во победата на Селтикс, кои во петокот во петтиот наптревар ќе направат обид да им се приближат на Хит на 2-3 во петтиот натпревар во петок.

Џејлен Браун постигна 17 поени, а Дерик Вајт додаде 16 за Селтикс, кои го свртеа резултатот победувајќи ги Хит со 38:23 во третата четвртина.

Џими Батлер ги предводеше Мајами со 29 поени и 9 скока. Гејб Винсент постигна 17, а Кејлеб Мартин додаде 16 од клупата на Хит.

Заостанувајќи со 11 поени на крајот од третата четвртина, Мајами ја намалија негативата на 5 поени пред Бостон да одговори со 12 последователникоша и да поведе со 100:83 на 7,25 минути до крајот.

Хит на четири и пол минути пред крајот заостануваа со 13 поени, а потоа Браун постигна „тројка“ и Селтикс до крајот не беа сериозно загрозени.