НБА лига: Бостон ги исфрли актуелните шампиони Милвоки

Кошаркарите на Бостон Селтикс изборија пласман во финалето од доигрувањето во Источната конференција на НБА лигата, откако во решавачкиот седми натпреварк од полуфиналето ноќта кон понеделникот ги совладаа актуелните шампиони Милвоки Накс со високи 109:81 и во серијата до четири победи славеа со вкупни 4-3.

Бостон Селтикс во финалето на Истокот ќе играат против Мајами Хит, што ќе биде реприза од конференциското финале во 2020 година кога Хит славеа со вкупен резултат со 4-2.

Селтикс ги уништија Бакс со шутот од далечина, погодувајќи дури 22 „тројки“ од 55 обиди, додека тимот од Милвоки постигна само 4 „тројки“ од 33 обиди. Притоа Грент Вилијамс погоди седум „тројки“, Џејсон Тејтум пет а Пејтон Причардс четири.

Гостите од Милвоки подобро влегоа во дуелот, поведоа со 10:3, па со 24:14. Меѓутоа, Бостон во втората четвртина направи резултатски пресврт и на полувремето замина со пет коша предност 48:43.

Во третата четвртина домашните стасаа и до „плус 16“ (86:60), а на почетокот од последната делница и до 20 коша предност (88:68). Бостон во последниот период од дуелот имаа и големи „плус 30“ за убедливо славање и пласман во конференциското финале.

Грент Вилијамс за Бостон постугна рекордни 27 коша во кариерата, а Џејсон Тејтум додаде 23 коша со 8 асистенции, додека Џејл Браун впиша 19 поени.

Кај Милвоки за малку кус за нов „трипл-дабл“ и најефикасен беше Јанис Адетокмбо со 25 коша, 20 скоковои 9 асистенции. Џру Холидеј додаде 21 поен со 8 асистенции, а Брук Лопез дуелот го заврши со 15 коша и 10 скокови.

Првиот натпревар од финалната серија во Источната конференција се игра во вторник во Мајами.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.