НБА лига: Бостон на чекор до финалето

Бостон Селтикс изминатата ноќ дојдоа на чекор до финалето во НБА лигата, откако во петтиот натпревар од полуфиналната серија во Источната конференција ги победија Мајами Хит со 93:80 и поведоа со 3-2 во серијата до четири победи.

Мајами на полувремето имаа пет коша предност, но Бостон направи резултатски пресврт во второто полувреме со серијата 24:2, зголемувајќи го водството од 59:58 на 83:60.

Селтикс до победата ги предводеше Џејлен Браум со 25 коша, Џејсон Тејтум додаде 22 поени со 12 скокови и 9 асистенции. Ал Хорфорд уфрли 16 коша на кои додаде 7 скокови и 5 асистенции.

Следниот натпревар за Ал Хорфорд ќе биде 140-от во плеј-офот. Досега ниеден играч не одиграл толку мечеви во доигрувањето, а и да не се пласира во финалето Хорфорд може да стане првиот на кој тоа му успеало во шестиот дуел кој се игра ноќта кон саботата во Бостон.

Во редовите на Мајами, кои играа без повредениот Тајлер Хиро, најдобар беше Бам Адебајо со 18 поени и 10 скокови, а Гејб Винсент уфрли 15 поени.

Бостон Селтикс немаат играно во финалето на НБА лигата од 2010 година. Од тогаш четири пати играа во финалето на Источната конференција во кои од нив беа подобри Мајами Хит и Кливленд Кавалирс.