НБА лига: Далас преку Феникс во конференциското финале

Како претходно Бостон Селтикс со победата над Милвоки Бакс, неколку часа подоцна и кошаркарите на Далас Меверикс во победата во решавачкиот седми меч од серијата до четири победи над Феникс Санс стасаа со убедливата победа од 123:90.

Милвоки Бакс се актуелни шампиони, додека Феникс Санс имаа најдобар соодност на победи и порази во регуларниот дел од сезоната,

Далас во „Футпринт Центар“ во Феникс ги декласираше Санс, откако во првите шест натпревари секоја екипа славеше на својот паркет, па серијата одите до седмиот дуел во кој првпат победија гостите.

Маверикс веќе по првата четвртинија имаа водство од десет поени 27:17, а на полувремето огромни „плус 30“ (57:27). Во третата делница предноста на гостите достигна и „плус 42“ (92:50). Во последната четвртина Далас прикочија, а Феникс сепак малку го убалжија поразот.

Лука Дончич повторно ги водеше Маверикс до победата. За 31 минута минати на теренот впиша 35 коша, 10 скокови и 4 асистенции. Словенскиот играч погоди 12 од 19 шута од игра, од кои 6 од 11 за „тројка“. Во слободните фрлања на овој меч беше непогрешлив, ги погоди сите пет. Го следеше кај гостите Спенсер Динвиди со 30 коша, од кои 21 во првото полувреме, додека Џејелн Брансон додаде 24 коша со 6 скокови.

Кај Санс целата прва петорка постигна само 37 коша, што најасно збурува каква скромна шутерска вечер имаа. Најефикасен бепе резервистот Камерон Џонсон со 12 коша и 5 скоковои, Девин Букер додаде 11 а Крис Пол 10 коша.

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА – ФИНАЛЕ

Мајами Хит – Бостон Селтикс

Натпревар 1: 17 мај: Мајами – Бостон
Натпревар 2: 19 мај: Мајами – Бостон
Натпревар 3: 21 мај: Бостон – Мајами
Натпревар 4: 23 мај: Бостон – Мајами
(ако е потребно)
Натпревар 5: 25 мај: Мајами – Бостон
Натпревар 6: 27 мај: Бостон – Мајами
Натпревар 7: 29 мај: Мајами – Бостон

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА – ФИНАЛЕ

Голден Стејт Вориорс – Далас Маверикс

Натпревар 1: 18 мај: Голден Стејт – Далас
Натпревар 2: 20 мај: Голден Стејт – Далас
Натпревар 3: 22 мај: Далас – Голден Стејт
Натпревар 4: 24 мај: Далас – Голден Стејт
(ако е потребно)
Натпревар 5: 26 мај: Голден Стејт – Далас
Натпревар 6: 28 мај: Далас – Голден Стејт
Натпревар 7: 30 мај: Голден Стејт-Далас

НАПОМЕНА: Финалето на конференцијата се игра на четири победи