НБА лига: Клиперс ги запреа Пејсерс, Пистонс дома поразени од Кавалирс

Хрватскиот кошаркар Ивица Зубац ноќта кон понеделникот го одигра натпреварот на целата своја кариера, и беше најдобар поединец во победата на Лос Анџелес Лејкерс од 114:110 над гостинските Индијана Пејсерс.

Зубац на теренот мина 35,40 минути во кои постигна 31 поен, со шут од игра 14 од 17 обиди, што е еден кош помалку од неговиот личен рекорд, но оствари дури 29 скокови, што е најмногу за Клиперс на еден натпревар во последните повеќе од 34 години. Овие 29 скокови се второто најдобро остварување за франшизата Клиперс во скокови од 1988 година, кога 30 скокови оствари Мајкл Кејџ. Зубац на тоа додаде по три асистенции и три блокади. Покрај тоа, му недостасуваше само уште еден скок да го достигне рекордниот „дабл-дабл“ на Двајт Хауард од 2018 година со 30 поени и 30 скокови.

Клиперс ја запреа Индијана со одлична игра во одбраната, ограничувајќи ги гостите на само 38,3 отсто шут од игра, односно 36 погодоци од 94 обиди, вклучително и само 9 „тројки“ од 42 обиди, или 21,4 отсто.

Кај Пејсерс најдобар беше Џејлен Смит со 23 коша, додека Тајрес Халибартон го впиша осмиот „дабл-дабл“ во последните десет натпревари со 15 коша и 11 асистенции.

Детроит Пистонс синоќа беа поразени на домашен паркет со 94:102 од Кливленд Кавалирс, коишто со 32 коша ги предводеше Донован Мичел. Ивен Мобли додаде 20 коша со 13 скокови, а Дариуш Гарланд уште 19 коша со 10 асистенции за петтата победа на Кавалирс во последните шест натпревари.

Кај Пистонс, кои играа без четворица од почетната петорка: Чед Канингам, Бојан Богдановиќ, Џејден Ајви и Ајзеа Стјуарт, најдобар беше Марвин Багли Трети со 19 поени и 10 скокови.

РЕЗУЛТАТИ

Бруклин Нетс – Портланд Трејл Блејзерс 111:97
Минесота Тимбервулфс – Голден Стејт Вориорс 114:137
ЛА Клиперс – Индијана Пејсерс 114:110
Атланта Хокс – Мајами Хит 98:106
Бостон Селтикс – Вашингтон Визардс 130:121
Детроит Пистонс – Кливленд Кавалирс 94:102
Њујорк Никс – Мемфис Гризлис 123:127
Орландо Меџик – Филаделфија 76ерс 103:133
Милвоки Бакс – Далас Маверикс 124:115

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 16 4.800 —
2. Филаделфија 76ерс 11 9 .550 5
3. Торонто Репторс 10 9 .526 5 1/2
4. Бруклин Нетс 10 11 .476 6 1/2
5. Њујорк Никс 9 11 .450 7

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки Бакс 14 5.737 —
2. Кливленд Кавалирс 13 7 .650 1 1/2
3. Индијана Пејсерс 11 8 .579 3
4. Чикаго Булс 8 11 .421 6
5. Детроит Пистонс 5 17 .227 10 1/2

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Атланта Хокс 11 9.550 —
2. Вашингтон Визардс 10 10 .500 1
3. Мајами Хит 10 11 .476 1 1/2
4. Шарлот Хорнетс 6 14 .300 5
5. Орландо Меџик 5 15.250 6

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Феникс Санс 13 6.684 —
2. Лос Анџелес Клиперс 12 9 .571 2
3. Сакраменто Кингс 10 8 .556 2 1/2
4. Голден Стејт Вориорс 11 10 .524 3
5. Лос Анџелес Лејкерс 7 11 .389 5 1/2

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Мемфис Гризлис 12 8.600 —
2. Њу Орлеанс Пеликанс 11 8 .579 0 1/2
3. Далас Маверикс 9 10 .474 2 1/2
4. Сан Антонио Спарс 6 15 .286 6 1/2
5. Хјустон Рокетс 5 14 .263 6 1/2

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер Нагетс 12 7 .632 —
2. Портланд Трејл Блејзерс 11 9 .550 1 1/2
3. Јута Џез 12 10 .545 1 1/2
4. Минесота Тимбервулфс 10 10 .500 2 1/2
5. Оклахома Сити Тандер 8 12 .400 4 1/2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.