НБА лига: Клиперс и Вориорс директно во плеј-офот

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс и Голден Стејт Вориорс се последните два клуба кои обезбедија директен пласман во НБА плејофот оваа сезона со победи на гостински терен во последниот ден од лигата, Клиперс ги победија Феникс Санс со 119:114, а Вориорс ги победика Портланд Трејл Блејзерс убедливо со 157:101.

На Клиперс им беше потребна победа во Феникс за петтото место во Западната конференција, што го постигнаа со пресврт во четвртата четвртина иако домаќините настапија без четворица од своите најдобри играчи кои одмараа за плеј-офот: Кевин Дурант, Девин Букер, ДеАндре Ејтон и Крис Пол.

Санс имаа негатива од 10 поенин на крајот од третата четвртина, но Каваи Леондар се погрижи да спречи пораз со постигнување 12 од своите вкупно 25 поени во последниот дел од натпреварот. Прв стрелец на Клипверс беше Норман Пауел, кој влезе од клупата и постигна 29 поени, а 25 додадоа Леонард и Расел Вестбрук. Кај Санс, Шабен Ли најдобро ја искористи шансата со 25 поени и 10 асистенции.

Со оглед на тоа што Санс претходно го обезбедија четвртото место на Западот, Санс и Клиперс ќе се сретнат во првото коло од плеј-офот и ќе играат до четири победи.

Бранителот на титулата Вориорс избегна плеј-ин победувајќи ги Блејзерс со 157:101 на последниот ден од регуларниот дел од сезоната, поставувајќи рекорд во лигата во постигнување погодоци во првата четвртина. Вориорс постигнаа нереални 55 поени во првите 12 минути и веќе имаа предност од 55:27 по тој период. Стивен Кари го заврши натпреварот со 26 коша за 22 минути поминати на теренот, додека Мозес Муди од клупата додаде 25 поени. Кај домашниот тим Скајлар Мејс постигна 21 со 12 асистенции.

Вориорс ја завршија сезоната со 44-38 во соодносот победи-порази како и Клиперс, но бидејќи Клиперс имаат подобар учинок во меѓусебните соочување, Вориорс завршија шести на Западот и ќе се соочат со третопласираниот Сакраменто Кингс во првото коло од плеј-офот.

Лос Анџелес Лејкерс сепак ќе мора да го бараат доигрувањето преку „плеј-инот“, иако во неделата ја надиграа Јута Џез со 128:117. Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси со 36 поени, додека Крис Дан со 26 коша, 10 скока и 8 асистенции беше првото име кај Џезерите.

Лејкерс ја завршија сезоната на седмото место на Западот со 43-39, па ноќта од вторник кон среда ќе им гостуваат на Минесота Тимбервулвс во првиот „плеј-ин“ натпревар. Победникот од тој натпревар ќе игра со второпласираните Мемфис Гризлис во првото коло од плеј-офот, додека поразениот ќе има уште една шанса да обезбеди постсезона во петок против победникот од натпреварот Њу Орлеанс Пеликанс – Оклахома Сити Тандер.

Минесота се искачи до осмата позиција на Западот и можноста да има две шанси за влез во „плеј-ин“ благодарение на победата на домашен терен против директниот ривал Њу Орлеанс со 113:108. Карл-Ентони Таунс со 30 поени и Ентони Едвардс со 26 коша и 13 скока беа најдобри кај Минесота, додека 42-те поени и 12 скока на Брендон Инграм не беа доволни за Њу Орлеанс.

Така Њу Орлеанс ќе биде домаќин на Оклахома Сити Тандер во првото коло од „плеј-ин“ во среда, поразениот од тој меч ќе ја заврши сезоната, додека победникот ќе има можност да го освои осмото место во петок и настап во плеј-офот против првиот тим на Западот, Денвер Нагетс на средба со поразениот од мечот Лејкерс и Волвс.

И пред последниот натпревар од лигата, Оклахома Сити беше сигурна на 10-то место на Западот, па на натпреварот против Мемфис Гризлис настапи без своите најдобри играчи. Но Тандер на домашен терен ги победија Мемфис Гризлис со 115:100. Тре Ман ги предводеше Тандер со по 24 поени и 12 скока и асистенции, каде четворица играчи постигнаа повеќе од 20 поени, додека Кенет Лофтон постигна 42 поени со 14 скока за Гризлис, кои исто така ги одмораа своите најдобри играчи.

РЕЗУЛТАТИ

Торонто – Милвоки 121:105
Денвер – Сакраменто 109:95
Далас – Сан Антонио 117:138
Минесота – Њу Орлеанс 113:108
Бостон – Атланта 120:114
Бруклин – Филаделфија 105:134
Кливленд – Шарлот 95:106
Мајами – Орландо 123:110
Њујорк – Индијана 136:141
Вашингтон – Хјустон 109:114
Чикаго – Детроит 103;81
Оклахома Сити – Мемфис 115:100
ЛА Лејкерс – Јута 128:117
Феникс – ЛА Клиперс 114:119
Портланд – Голден Стејт 101:157

ТАБЕЛИ

ИСТОК
Милвоки 58 24 70,7
Бостон 57 25 69,5
Филаделфија 54 28 65,9
Кливленд 51 31 62,2
Њујорк 47 35 57,3
Бруклин 45 37 54,9
——————————————
Мајами 44 38 53,7
Атланта 41 41 50,0
Торонто 41 41 50,0
Чикаго 40 42 48,8
——————————————
Индијана 35 47 42,7
Вашингтон 35 47 42,7
Орландо 34 48 41,5
Шарлот 27 55 32,9
Детроит 17 65 20.7

ЗАПАД
Денвер 53 29 64,6
Мемфис 51 31 62,2
Сакраменто 48 34 58,5
Феникс 45 37 54,9
ЛА Клиперс 44 38 53,7
Голден Стејт 44 38 53,7
——————————————
ЛА Лејкерс 43 39 52,4
Минесота 42 40 51.2
Њу Орлеанс 42 40 51.2
Оклахома Сити 40 42 48,8
——————————————
Далас 38 44 46,3
Јута 37 45 45,1
Портланд 33 49 40.2
Хјустон 22 60 26,8
Сан Антонио 22 60 26,8