НБА лига: Мајами не дозволи пресврт на Бостон, оди во големото финале

Кошаркарите на Мајами Хит ги совладаа Бостон Селтикс со 103:84 во решавачкиот седми натпревар од финалето на Источната конференција и со тоа се пласираа во големото финале на НБА лигата со вкупни 4-3.

Во решавачкиот меч тимот, кој се врти околу единствената ѕвезда Џими Батлер, кој овојпат постигна 28 поени, славеше сигурна победа и се пласираше во финалето.

Мајами поведе со 3-0 пред да загуби трите последователни натпревари од Бостон, но Селтикс не успеаја да станат првиот НБА тим кој направил целосен пресврт во серијата по заостанувањето од 0-3.

Во финалето победниците на Истокот веќе ги чекаат шампионите од Западната конференција Денвер Нагетс, а првиот натпревар е закажан за в петок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.