Кошаркарите на Детроит Пистонс сѐ уште не можат да ја сопрат негативната серија, го забележаа 27-от пораз во низа во НБА лигата откако на домашен терен загубија од Бруклин Нетс со 112:118.
Со тоа Пистонс го поставија негативниот рекорд според бројот последователни порази во една сезона. Претходниот неславен рекорд го држеше генерацијата на Кливленд Кавалирс, која во сезоната 2010/11. имаше 26 порази во низа. Најмногу порази во серија имаат Филаделфија 76ерс, кои забележаа 28 порази во 2015 година, но во текот на две сезони. А тој рекорд сè уште може да го собори сегашната генерација на Детроит Пистонс.
На натпреврот против Бруклин, играчите на Детроит одиграа многу лошо во втората четвртина, која ја загубија со 23:36. Потоа заостанаувањето се обидоа да го надополнат во преостанатиот дел од мечот, но не успеаја во тоа, иако заостанаа на само два поени при крајот од натпреварот
Првото име на Детроит беше Кејд Канингем, но дури и неговите 41 поен беа премалку. Тој додаде пет асистенции и девет скока. Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ беше еден од најдобрите во редовите на Детроит и постигна 23 поени за 39 минути на теренот со 9-19 шут од поле и 3-9 за „тројки“. Најдобар играч на Бруклин беше Камерон Џонсон со 24 поени, а Микал Бриџис постигна 21.
Со враќањето на Џа Морант во редовите на Мемфис, тимот почна да ниже победи, па ноќта од вторникот кон средата, како дел од НБА лигата, Гризлис на гостувањето ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс по продолжението со 116:115.
Во последната делница Мемфис надополнија негатива од 13 поени, а можеа да слават и во регуларниот дел од натпреварот. Џерен Џексон имаше две слободни фрлања во последната секунда, погоди едно за продолжение, каде што Мемфис беше подобар и со тоа стигна до десеттата сезонска победа, односно четврта во низа.
Џа Морант постигна 31 поен и додаде седум асистенции и четири скока. Дезмонд Бејн беше на своето ниво и имаше 27 поени, седум асистенции и пет скока. Џерен Џексон постигна 19 поени со десет скока. Од враќањето на Морант во тимот, Мемфис не знае за ништо друго освен победи.
Најдобри играчи за Њу Орлеанс беа Брендон Инграм со 24 поени, седум асистенции и шест скока и Зион Вилијамсон, кој постигна 23 поени со 11 скока.
Орландо Меџик продолжуваат да уживаат во многу добрата сезона, совладувајќи ги Вашингтон Визардс на гости со 127:119, а предводници на клубот од Флорида беа Франц Вагнер со 28 поени, девет асистенции и осум скока и Паоло Банкеро со 24 поени и осум асистенции. Со скор од 6 од 11 за „тројки“ на спротиваната страна предводник беше Џордан Пул со 30 поени.
Во дербито на Западната конференција, Оклахома Сити Тандер како домаќин го совлада првиот тим на својата конференција Минесота Тимберволфс со 129:106. Дури четворица домашни играчи од стартната петорка постигнаа 20 или повеќе поени. Шај Глиџеус-Александер беше најдобар со 34 поени, девет асистенции и шест скока. Кај Минесота пословично најдобар беше Ентони Едвардс со 25 поени, шест асистенции и седум скока.
Тајрис Халибартон одигра уште еден одличен натпревар за Индијана Пејсерс, кои на гостински терен ги совлада Хјустон Рокетс со 123:117. Халибартон постигна 33 поени на тројки 7-13, а имаше и десет асистенции и шест скока.
Лос Анџелес Клиперс ја прекинаа кратката серија од два пораза и на домашен терен ги победија Шарлот Хорнетс со 113:104. Клучна беше последната четвртина која Клиперс ја добија со 31:24. Џејмс Харден 29 и Пол Џорџ 25 беа водечките стрелци за домашниот тим, а Харден имаше уште осум асистенции и шест скока. Ги следепе Ивица Зубац со 18 поени со 14 скока, четири асистенции. Кај Шарлот најдобар играч беше Мајлс Бриџис со 21 поен, пет асистенции и 11 скока.
Јута Џез беа убедливи во соочувањето со Сан Антонио Спарс на гости и ги добија со 130:118.