НБА лига: Победи на Далас и Мемфис

64

Ноќта кон четвртокот во НБА лигата беа одиграни два заостанати натпревара, во кои Далас Маверикс дома со 115:104 ги надиграа Сан Антонио Спарс, додека Мемфис Гризлис исто така на свој паркет со 127:112 беа подобри од Вашинтон Визардс.

Резултатот во Далас беше израмнет 95:95 на осум минути пред крајот на мечот, а потоа кошаркарите на Сан Антонио не реализираа ниеден од 11-те шутеви по ред.

За Далас ова беше четвртата последователна победа, а до неа ги водеше Лука Дончич со 22 коша, 12 скокови и 12 асистенции, што е негов осми „трипл-дабл“ учинок оваа сезона и 33-от во кариерата. Покрај Словенецот, во редовите на Далас се истакна и Кристан Порцингис со 28 поени и 14 скокови.

Кај Сан Антонио најефикасен беше Демар Дерозен со 30 поени и 11 асистенции. Пети Милс додаде 14 коша, а Руд Греј впиша 13 поени со девет скокови.

 

Во вториот дуел одигран изминатата ноќ, Мемфис Гризлис ги победија Вашинготн Визардс, благодарејќи најмногу на расположениот Јонас Валанциунас кој со 29 коша и 20 скокови стаса до 21-от „дабл-дабл“ во кариерата.

Теметриус Џамeл „Џа“ Морант го следеше со 21 кош и 10 асистенции, додека новајлијата во лигата Дезмонд Бејн додаде 20 коша. Ова е третата победа на Мемфис во последните четири натпревари.

Во тимот од Вашингтон најдобар беше Бредли Бил со 21 кош, а Расел Вестрбрук додаде 20 поени и 10 асистенции, остварувајќи го 13-от „дабл-дабл“ по ред.

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Филаделфија 76ерс 24 12 .667 –
2. Бруклин Нетс 24 13 .649 0 1/2
3. Бостон Селтикс 19 17 .528 5
4. Њујорк Никс 19 18 .514 5 1/2
5. Торонто Репторс 17 19 .472 7

Централна дивизија

1. Милвоки Бакс 22 14 .611 –
2. Чикаго Булс 16 18 .471 5
3. Индијана Пејсерс 16 19 .457 5 1/2
4. Кливленд Кавалирс 14 22 .389 8
5. Детроит Пистонс 10 26 .278 12

Југоисточна дивизија

1. Мајами Хитс 18 18 .500 –
2. Шарлот Хорнетс 17 18 .486 0 1/2
3. Атланта Хоукс 16 20 .444 2
4. Вашингтон визардс 14 21 .400 3 1/2
5. Орландо Меџик 13 23 .361 5

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Пацифичка дивизија

1. Феникс Санс 24 11 .686 –
2. Лос Анџелес Лејкерс 24 13 .649 1
3. Лос Анџелес Клиперс 24 14 .632 1 1/2
4. Голден Стејт Вориорс 19 18 .514 6
5. Сакраменто Кингс 14 22 .389 10 1/2

Југозападна дивизија

1. Сан Антонио Спарс 18 15 .545 –
2. Далас Маверикс 19 16 .543 –
3. Мемфис Гризлис 17 16 .515 1
4. Њу Орлеанс Пеликанс 15 21 .417 4 1/2
5. Хјустон Рокетс 11 23 .324 7 1/2

Северизападна дизвизија

1. Јута Џез 27 9 .750 –
2. Портланд Трејл Блејзерс 21 14 .600 5 1/2
3. Денвер Нагетс 21 15 .583 6
4. Оклахома Сити Тандерс 15 21 .417 12
5. Минесота Тимбервулфс 7 29 .194 20

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.