НБА лига: Пораз на водечката Јута, Оклахома го повтори негативниот клупски рекорд

Водечката екипа во Западната конференција и целата НБА лига, Јута Џез изминатата ноќ доживеаја проаз во Минеаполис, подобри од нив со 105:104 беа Минесота Тимбервофлс.

За Минесота победата ја обезбеди Д’Анџело Расел кој го оствари последното положување во последните секунди од мечот, кој го заврши со вкупно 27 коша. Ова е втората последователна победа на Минесота, која во овој дуел успешно надомести заостанувањето од 18 коша, над Џез во последните три дена.

Јута на овој меч беше без својот најдобар играч Динован Мичел, кој беше повреден, а најефикасен во поразената екипа беше Мајк Конли со 26 поени. Руди Гобер додаде 18 коша со 5 скокови и 3 блокади за Јута.

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандерс ноќта кон вторникот загубија на гостувањето кај Филаделфија 76ерс со 121:90, што е 14-от последователен пораз и повторување на антирекордот во историјата на клубот. Оклахома загубија 14 натпревари во низа и во сезоната 2008/2009 година.

„Не сум сигурен дека играчите знаат за ова. Ние се бориме и момците сакаат да победат. Никогаш не сум видел рамнодушност кога влегуваат во соблекувалната по поразот“, изјави тренерот на Оклахома, Марк Дејгнолт.

Најдобар во составот на Тандерс на натпреварот против Филаделфија беше резервата Тај Џером кој постигна 22 поена. По 61 одигран натпревар Оклахома има 20 победи и 41 пораз и се наоѓа на 13-то место во Западната конференција.

Лос Анџелес впиша пораз од 103:120 на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс. Зоин Вилијамс беше најдобриот стрелец кај победниците со 23 поени, а Вили Ернагомез оствари „дабл-дабл“ со 12 коша и 10 скокови. Кај Клиперс, кој повторно настапија без беколку повредени играчи Каваи Леонард, Патрик Беверли и Серж Ибака, најдобар беа Теренс Ман со 17 поени, додека Демаркус Кузинс впиша 16 поени.

Сан Антонио Спарс ја прекинаа низата од осум победи на Вашингтон Визардс, совладувајќи ги по продолжениеја со 146:143. Демар Дерозаан во победата на Сапрс учествуваше со 37 коша, а Деџунте Мареј додаде 15 коша со 17 скокови. Келдон Џонсон додаде 21 кош за Спарс на кои ова им беше третата последователна победа. На Вашингтон не им помогнаа ниту 45 коша на Бредли Бил, а ниту 29-ти „трипл-дабл“ во сезоната Расел Вестбрук кој мечот го заврши со 22 коша, 14 асистенции и 13 скокови.

А Феникс Санс ја прекинаа низата од девет победи на Њујорк Никс, со 118:110 на гостувањето, иако двапати беа во заостанување од дури 15 коша. Санс се подготвени за својот прв настап во доигрувањето од 2010 година, сега се на еден меч заостанување од Јута Џез кои се први во Западната конференција.

Девин Букер беше најефикасниот кај Санс со 33 коша, Микал Бриџес додаде 21, а Крис Пол 20 коша. Дерик Роуз постигна 22 коша за Никс кои се на четвртото есто во Источната конференција благодарејќи на поразот на Атланта Хоукс од Детроит Пистонс, Џулиус Рендл додаде 18 погодоци, а Реџи Булот и ЕрЏеј Барет по 17 коша.

РЕЗУЛТАТИ

Детроит Пистонс – Атланта Хоукс 100:86
Орландо Меџик – Лос Анџелес Лејкерс 103:114
Филаделфија 76ерс – Оклахома Сити Тандерс 121:90
Вашингтон Визардс – Сан Антонио Спарс 143:146 (продолжение)
Newујорк Никс – Феникс Санс 110:118
Торонто Репторс – Кливленд Кавалирс 112:96
Мајами Хитс – Чикаго Булс 102:110
Минесота Тимбервулфс – Јута Џез 105:104
Њу Орлеанс Пеликанс – ЛА Клиперс 120:103
Денвер Нагетс – Мемфис Гризлис 120:96
Сакраменто Кингс – Далас Маверикс 113:106

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Бруклин Нетс 41 20.672 –
2. Филаделфија 76ерс 40 21, 656 1
3. Њујорк Никс 34 28.548 7 1/2
4. Бостон Селтикс 32 29 .525 9
5. Торонто Репторс 26 35, 426 15

Централна дивизија

1. Милвоки Бакс 37 23.617-
2. Индијана Пејсерс 29 31, 483 8
3. Чикаго Булс 26 35, 426 11 1/2
4. Кливленд Кавалирс 21 40 .344 16 1/2
5. Детроит Пистонс 19 43,306 19

Југоисточна дивизија

1. Атланта Хоукс 34 28.548 –
2. Мајами Хитс 32 30 .516 2
3. Шарлот Хорнетс 30 30.500 3
4. Вашингтон Визардс 27 34 .443 6 1/2
5. Орландо Меџикс 18 43.295 15 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Пацифичка дивизија

1. Феникс Санс 43 18.705 –
2. Лос Анџелес Клиперс 43 20.683 1
3. Лос Анџелес Лејкерс 36 25, 590 7
4. Голден Стејт Вориорс 31 30, 508 12
5. Сакраменто Кингс 25 36 .410 18

Југозападна дивизија

1. Далас Маверикс 33 27.550 –
2. Мемфис Гризлис 31 29 .517 2
2. Сан Антонио Спарс 31 29.517 2
4. Њу Орлеанс Пеликанс 27 34 .443 6 1/2
5. Хјустон Рокетс 15 46, 246 18 1/2

Северозападна дивизија

1. Јута Џез 44 17.721 –
2. Денвер Нагетс 40 21.656 4
3. Портланд Трејл Блејзерс 32 28 .533 11 1/2
4. Оклахома Сити Тандерс 20 41 328 24
5. Минесота Тимбервулфс 18 44 .290 26 1/2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.