НБА лига: Санс ги демолираа Спарс, Дејвис еруптираше во Вашингтон

Кошаркарите на Феникс Санс во синоќешните натпревари во НБА лигата со високи 133:95 ги совладаа Сан Антонио Спарс, откако во петокот Хјустон Рокетс им ја прекинаа серијата од шест последователни победи.

Деандре Ејтон уфрли 25 коша со 10 скокови, а Микал Бриџес додаде 20 коша од кои 17 во доминатниот прв дел за Феникс, додека Дарио Шариќ за 22 минути минати на паркетот оствари 17 поени со одличен шут од игра 6 од 8 односно 4 од 5 обида за „тројка“, со три скока и две асистенции.

Ова е 11-от последователен пораз за Спарс, што е нивната најлоша низа од кога загубија 13 натпревари со ред во 1989 година. Сан Антонио ги предводеше Келдон Џонсон со 27 поени, додека Деввин Васил додаде 14 коша.

Детроите Пистонс на својот паркет со 112:122 беа поразени од Мемфис Гризлис за кои ова беше четвртата победа во последните пет натпревари.

Џа Морант ги предводеше Мемфис, кои не беа во резултатско заостанување во ниедне момент од мечот, со 33 коша и 10 асистенции. Дилон Брукс додаде 22 коша со по 5 скоков и асистенции, колку што постигна и Џејрен Џексон. Најдобар стрелец кај Пистонс беше Седик Беј кој дуелот го заврши со 24 коша, 7 асистенции и 6 скокови, а Бојан Богдановиќ додаде 18 поени.

Победата на Лос Анџелес Лејкерс на гости од 130:119 над Вашингтон Визардс ја одбележа Ентони Дејвис кој постигна неверојатни 55 коша, што е за четири помалку од неговиот рекорд во кариерата. За својот десети „дабл-дабл“ оваа сезона оствари и 17 скокови, а Лејкерс ја впишаа петата победа во последните шест натпревари. Леброн Џејмс додаде 29 поени, со 8 скокови и 6 асистенции. Во тимот на Вашингтон најдобар беше Кристапс Порзингис со 27 поемни и 9 скокови.

Портланд Трејл Блејзерс дома со 116:110 ги надиграа Индијана Пејсерс, а меѓу најзаслужните за победата беа Џереми Грант со 28 поени и Енферни Сајмонс кој постигна 22 коша од кои пет беа „тројки“. Демиен Лилард, кој ги пропушти последните седум дуели поради повреда, се врати на паркетот и постигна 21 кош. Мајлес Тарнер ја предводеше Индијана со 24 поени и 9 скокови, а го следеше Бади Хилд со 22 поени.

Њу Орлеанс Пеликанс на својот терен со 121:106 беа подобрио од Денвер Нагетс, а Хозе Алварадо беше најдобар поединец со 38 копа од кои осум „тројки“. Зион Вилијамнсон додаде 25 коша за Пеликанс, додека Нагетс ги предводеше Никола Јокиќ со 32 поен и 16 скокови.

Бостон Селтикс предводени од 32-та коша на Џејлен Браун на гости славеа со 103:92 над Бруклин Нетс. Џејсон Тејтам уфрли 29 кошаа со 11 скокови за Селтикс. Кевин Дјурант беше најдобар кај Брукли со 31 поен.

Њујорк Никс во својот „Медисон Сквер Гарден“ со 92:81 ги добија Кливленд Кавалирс, а Сакраменто Кингс дома со 110:102 ги надиграа Чикаго Булс.

РЕЗУЛТАТИ
Сакраменто Кингс – Чикаго Булс 110:101
Њу Орлеанс Пеликанс – Денвер Нагетс 121:106
Сан Антонио Спарс – Феникс Санс 95:133
Бруклин Нетс – Бостон Селтикс 92:103
Детроит Пистонс – Мемфис Гризлис 112:122
Њујорк Никс – Кливленд Кавалирс 92:81
Вашингтон Визардс – Лос Анџелес Лејкерс 119:130
Портланд Трејл Блејзерс – Индијана Пејсерс 116:100

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 19 5.792 —
2. Филаделфија 76ерс 12 11 .522 6 1/2
2. Торонто Репторс 12 11 .522 6 1/2
4. Бруклин Нетс 13 12 .520 6 1/2
5. Њујорк Никс 11 13 .458 8

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки Бакс 16 6 ,727 —
2. Кливленд Кавалирс 15 9 .625 2
3. Индијана Пејсерс 12 11 .522 4 1/2
4. Чикаго Булс 9 14 .391 7 1/2
5. Детроит Пистонс 6 19 .240 11 1/2

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Атланта Хокс 13 10 .565 —
2. Мајами Хит 11 12 ,478 2
3. Вашингтон Визардс 11 13 .458 2 1/2
4. Шарлот Хорнетс 7 16 .304 6
5. Орландо Меџик 5 19 .208 8 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Феникс Санс 16 7.696 —
2. Сакраменто Кингс 13 9 .591 2 1/2
3. Голден Стејт Вориорс 13 11 .542 3 1/2
3. Лос Анџелес Клиперс 13 11 .542 3 1/2
5. Лос Анџелес Лејкерс 10 12 .455 5 1/2

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Њу Орлеанс Пеликанс 15 8.652 —
2. Мемфис Гризлис 14 9 .609 1
3. Далас Маверикс 11 11 .500 3 1/2
4. Хјустон Рокетс 6 17 .261 9
5. Сан Антонио Спарс 6 18 .250 9 1/2

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер Нагетс 14 9 .609 —
2. Портланд Трејл Блејзерс 13 11 .542 1 1/2
3. Јута Џез 14 12 .538 1 1/2
4. Минесота Тимбервулвс 11 12 .478 3
5. Оклахома Сити Тандер 10 13 .435 4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.