НБА: Мајами ја запре серијата порази од Никси

Како што може да се забележи и од самиот резултат, “жешките” главниот дел од задачата го завршија со добра одбрана, принудувајќи ги гостите да промашат 15 од 16-те шутеви од поле во еден дел од првото полувреме. Притоа, беше создадена солидна предност што Мајами знаеше како да ја задржи до самиот крај.

Вејд и Бош беа најефикасни кај победничкиот тим со по 16 поени, пред Драгиќ со 13, додека најдобар поединец во редовите на Њујорк беше Порзингис, кој оствари нов дабл-дабл од 20 поени и 14 скокови.

Кливленд рутински го доби мечот со Орландо, победувајќи со 117:103, натпревар во кој извонредна игра прикажа Кевин Лав.

Крилниот центар реализираше 34 поени, Џеј Ар Смит додаде 26, со што беше надополнета “тивката вечер” на Леброн Џејмс, кој го заврши мечот со за него скромни 15 поени.

Кевин Дурант се врати во тимот на Оклахома и ја предводеше оваа екипа до лесна и убедлива победа на гостувањето во Солт Лејк Сити против Јута Џез од 89:111.

Дурант одигра извонредно постигнувајќи 27 поени (3/6 за тројка, 7/7 за два, 4/4 за еден поен), а на него одлично се надоврза Расел Вестбрук, кој го заврши натпреварот со 20 поени, 9 асистенции и 7 скокови.

НБА резултати:

Мајами – Њујорк 95:78
Кливленд – Орландо 117:103
Милвоки – Детроит 109:88
Минесота – Филаделфија 100:95
Сан Антонио – Феникс 98:84
Јута – Оклахома 89:111
Шарлот – Сакраменто 127:122 (по прод.)