НБА: Милвоки надополнија минус 18 за победа над Шарлот

Актуелните шампиони во НБА лигата, Милвоки Бакс се вратија од заостанување од 18 поени, а Јанис Адетокумбо со полагање на две секунди пред крајот им ја донесе победата над Шарлот Хорнетс од 127:125.

За Милвоки ова е осмата последователна победа, и тоа во соочувањето со многу добрата екипа на Шарлот, кој во водство беа дури 34 минути од мечот. Адетокумбо го заврши дуелот со 40 поени, 12 скокови и 9 додавања, а кај Хорнетс Ламело Бал со 36 коша го имаше најдоброто остварување во кариерата.

Милвоки Бакс водат во Источната конференција со соодносот меѓу победи и порази 14-8, а Шарлот Хорнетс се девати со 13-11.

Лос Анџелес Клиперс на домешен паркет беа надиграни од Сакраменто Кингс со 115:124. Сакраменто добро минуваат во Лос Анџелес, и ова им е втората победа во „Стејпелс“ во шест дена, а најзаслужни за тоа се Де’Арон Фокс со 24 и Теренс Дејвис со 23 коша.

Клиперс го загубија и третиот натпревар со ред, а ноќта кон четвртокот беа водени од резервисите Лук Кенард и Теренс Ман со по 19 поени.

Кингс ги добија на гости Клиперс четврти пат во последните пет натпревари, но клубот од Лос Анџелес затоа има дури 15 последователни триумфи во Сакраменто.

Конечно по десет години Кливленд Кавалирс со 111:85 славеа на гости кај Мајам Хитс. Натпреварот го одбележа гостинскиот играч Данкан Робинсон кој за „тројки“ шутираше 0 од 7обиди, со што ја прекина најдолгата серија во историјата на НБА лигата од 69 меча со барем една „тројка“.

Орландо Меџикс со 108:103 ги победија Денвер Нагетс, а Никола Јокиќ впиша 18 поени со 15 скокови. Далас Маверикс со 139:107 ги добија Њу Ореланс Пеликанс, а Лука Дончич оствари 28 коша.

Вашингтон Визардс останаа втори на Истокот со соодносот 14-8 по победата од 115-107 над Минесота Тимбервулфс.

РЕЗУЛТАТИ

ЛА Клиперс – Сакраменто Кингс 115:124
Индијана Пејсерс – Атланта Хокс 111:114
Орландо Меџикс – Денвер Нагетс 108:103
Вашингтон Визардс – Минесота Тимбервулфс 115-107
Бостон Селтикс – Филаделфија 76ерс 88:87
Мајами Хитс – Кливленд Кавалирс 85:111
Милвоки Бакс – Шарлот Хорнетс 127:125
Њу Орлеанс Пеликанс – Далас Маверикс 107:139
Оклахома Сити Тандерс – Хјустон Рокетс 110:114

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Бруклин Нетс 15 6 71,4
Вашингтон Визардс 14 8 63,6
Милвоки Бакс 14 8 63,6
Чикаго Булс 14 8 63,6
Мајами Хитс 13 9 59,1
Кливленд Кавалирс 12 10 54,5
Атланта Хокс 12 10 54,5
Бостон Селтикс 12 10 54,5
Шарлот Хорнетс 13 11 54,2
Њујорк Никс 11 10 52,4
Филаделфија 76ерс 11 11 50,0
Торонто Репторс 9 13 40,9
Индијана Пејсерс 9 15 37,5
Орландо Меџикс 5 18 21,7
Детроит Пистонс 4 17 19,0

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Феникс Санс 18 3 85,7
Голден Стејт Вориорс 18 3 85,7
Јута Џез 14 7 66,7
Далас Маверикс 11 9 55,0
Мемфис Гризлис 11 10 52,4
Лос Анџелес Лејкерс 12 11 52,2
ЛА Клиперс 11 11 50,0
Портланд Трејл Блејзерс 11 11 50,0
Минесота Тимбервулфс 11 11 50,0
Денвер Нагетс 10 11 47,6
Сакраменто Кингс 9 14 39,1
Сан Антонио Спарс 6 13 31,6
Оклахома Сити Тандерс 6 15 28,6
Њу Орлеанс Пеликанс 6 18 25,0
Хјустон Рокетс 5 16 23,8