НБА: Неискуството ги чинеше Пистонс пораз од Булс

Најслабиот тим во Источната конференција на НБА лигата, Детроит Пистонс го загуби шестиот натпревар со ред, Чикаго Булс беа подобри во Детроит со 117:115 и покрај одличниот шутерски настап на хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ, кој постигна 34 поени.

Гостите од Чикаго доминираа во првите три четвртини од натпреварот и до крајот на третиот период имаа 21 поен предност (100:79). Но тогаш проработи Богдановиќ, кој беше најзаслужен за враќањето на Пистонси, кои на три минути пред крајот израмнија на 108:108, а последната минута беше изедначена на 112:112. На самиот крај дојде до израз големото неискуство на Пистонс. При водство на Булс со 114:112 на 9,7 секунди до крајот, Пистонс имаа напад по „тајм-аутот“, но „дебитантот“ Џејден Ајви не можеше да најде слободен соиграч пру уфрлањето од страна, па избезумено повика нов „тајм аут“. За негова несреќа и на Пистонс, тимот веќе ги имаше искористено сите „тајм аути“, па беше досудена техничка грешка со губењето на топката за домашните, а Булси од слободни фрлања стигнаа до недостижни 117:112.

Зак ЛаВин со 41 и Демар Дерозан со 21 поен ги предводеа Булс до важна победа во борбата за влез во „плеј-ин„, додека кај домашните заедно со Богдановиќ се истакнаа Хамиду Диало со 19 и Ајви со 18 поени.

Пистонс се „закопани“ на дното на Истокот со скор од 15-48 победи-порази, додека Булс сѐ уште се 11-ти на Истокот со 29-34. Исто толку победи, но два пораза помалку имаат и 10-те Вашингтон Визардс, кои го држат последното место кое води во доигрувањето.

Оклахома Сити Тандер го впишаа петтиот последователен пораз, овојпат од Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен со резултат 117:123 и се сѐ подалеку од доигрувањето. Лејкерс во Оклахома Сити играа без своите најголеми ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, па Денис Шредер ги предводеше до важна победа во битката за „плеј-ин“ со 26 прекини, а Трој Браун и Остин Ривс додадоа по 19. За Тандер, кои играа без главниот играч Шаи Гилгеус-Александер, се истакна Австралиецот Џош Гиди, кој со 22 поени, 11 асистенции и 9 скока беше блиску до „трипл-дабл“, додека прв стрелец на тимот беше Џејлен Вилијамс со 24 асистенции.

Лејкерс сега се 11-та екипа на Западот со 30-33, додека десеттопласираните Њу Орлеанс Пеликанс имаат скор 31-32, а 13-то пласираните Тандер паднаа на соодносот 28-34.

Шампионите од 2021 година Милвоки Бакс ја продолжија својата победничка серија на 16 со рутинска победа од 139:117 на домашен терен против аутсајдерот Орландо Меџик, со што го задржаа првото место на Истокот и целата лига. Јанис Адетокумбпо ги предводеше Бакс до нова победа со 31 асистенција, 7 скока и 6 асистенции, Џру Холидеј додаде 23 поени и 9 асистенции, додека Кол Ентони со 28 и Маркел Фулц со 21 асистенција беа најефикасни за Меџик.

Милвоки сега имаат скор 45-17, додека Орландо паднаа на 26-37 и се наоѓа на 13-то место на Истокот.

Веднаш зад Милвоки во битката за врвот на Истокот сѐ уште се Бостон Селтикс кои во вечерното дерби на домашен терен го совладаа Кливленд Кавалирс со 117:113, но победата беше поубедлива отколку што навестува конечниот резултат. Бостон на крајот од третата четвртина имаа 21 поен предност, а со „тројката“ на Џејсон Тејтум на четири ипол минути пред крајот домашните поведоа со 110:94, па гостите можеа само да ја ублажат негативата во крај. Тејтум имаше уште една голема вечер, застана на 41 поен, имаше и 11 скока и 8 асистенции, а ветеранот Ал Хорфорд додаде 23 поени и 11 скока. Кај Кавс одличен беше Донован Мичел со 44 прекини, Дариус Гарланд додаде 29 со 9 асистенции.

Бостон сега имаат 45-18 и втор на Истокот, додека Кливленд се четврти тим на Истокот со 39-26.

Долгоочекуваното деби на Кевин Дјурент за Феникс Санс се случи во Шарлот, каде Санс лесно ги совладаа слабите домашни Хорнетс со 105:91. Дјурент, кој пристигна во Санс од Бруклин Нетс во последниот ден од преодниот рок, постигна 23 поени со добар процент во шутовите од поле 10-15 во својот прв натпревар за новиот клуб. Кај победниците најефикасен беше Девин Букер со 37 поени, ДеАндре Ајтон додаде 16 со 16 скока, додека кај домашните подобри од останатите беа Кели Оубре со 26 и Тери Розиер со 20 гола.

Феникс со 34-29 моментално се четврти на Западот, додека Шарлот со 20-44 се претпоследни 14-ти на Истокот.

РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Чикаго 115:117
Оклахома Сити – ЛА Лејкерс 117:123
Шарлот – Феникс 91:105
Бостон – Кливленд 117:113
Мајами – Филаделфија 96:119
Њујорк – Бруклин 142:118
Хјустон – Мемфис 99:113
Милвоки – Орландо 139:117
Портланд – Њу Орлеанс 110:121

ТАБЕЛИ

ИСТОК:

Милвоки 45 17 72,6
Бостон 45 18 71,4
Филаделфија 40 21 65,6
Кливленд 39 26 60,0
Њујорк 37 27 57,8
Бруклин 34 28 54,8
——————————————
Мајами 33 30 52,4
Атланта 31 31 50,0
Торонто 31 32 49,2
Вашингтон 29 32 47,5
——————————————
Чикаго 29 34 46,0
Индијана 28 35 44,4
Орландо 26 37 41,3
Шарлот 20 44 31.3
Детроит 15 48 23,8

ЗАПАД:

Денвер 44 19 69,8
Мемфис 38 23 62,3
Сакраменто 36 25 59,0
Феникс 34 29 54,0
Голден Стејт 32 30 51,6
ЛА Клиперс 33 31 51,6
——————————————
Далас 32 31 50,8
Минесота 32 32 50,0
Јута 31 32 49,2
Њу Орлеанс 31 32 49.2
——————————————
ЛА Лејкерс 30 33 47,6
Портланд 29 33 46,8
Оклахома Сити 28 34 45,2
Сан Антонио 15 47 24.2
Хјустон 13 49 21,0

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.