НБА одложи два меча поради коронавирусот

Средбата меѓу Далас Маверикс и Њу Орлеанс Пеликанс која требаше да се одигра во понеделникот и дуелот меѓу Чикаго Булс и Бостон Селтикс кој на распоредот беше во вторник, се одложени поради пандемијата од коронавирусот, соопшти водството на Северноамериканската кошаркарска лига.

Причина за одложувањата се тоа тоа што Маверикс и Селтикс немаат на располагање осум играчи, што е минимумот кој го бара НБА за одигрување на натпреварот.

Далас во неделата мораше да ги затвори своите клупски простории, бидејќи тројца негови кошаркари: Џош Ричардсон, Доријан Финеј-Смит и Џејлен Брансон беа позитивни на коронавирусот. Многу од нивните соиграчи се водат како блиски контакти, па и тие мора да одат во карантин и поради тоа екипата нема доволно играчи за натпреварот.

Иста е и ситуацијата со Бостон, каде со коронавирусот се заразени Џејсон Тејтам и Џејлен Браун. Во неделата Селтикс планираа да ги пречекаат Мајами Хитс со осум играчи, но се покажа дека Мајами нема доволен број играчи.

Од почетокот на новата сезона во НБА на 22-ри декември одложени се четири натпревари. Првиот беше Хјустон Рокетс – Оклахома Сити Тандерс, и тоа поради истата причина бидејќи Рокетс не го имаа минималниот број кошаркари.

Ниеден од одложените мечеви сѐ уште не добил нов датум. НБА ја подели сезоната на два дела, првиот дел трае до 4-ти март, а вториот би требло да започне на 10-ти март по шестдневниот одмор. Со тоа НБА си даде можност за одигрување на евентуално одложените натпревари во таа пауза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.