НБА: Оклахома не се дава, во финишот го совлада Хјустон за мајсторка

16

Тимот на Оклахома Тандер стигна до голема победа против Хјустон Рокетс од 104:100 со која го изедначи резултатот во плеј-оф серијата на Западната конференција на 3:3.

 Сега, патникот во полуфиналето ќе го одлучува седмата средба меѓу овие два тима која на програмата е ноќта меѓу среда и четврток.

Оклахома во натпреварот да се биде или не имаше негатива од два коша на една минута до крајот (100:98), меѓутоа тогаш на сцена стапија Денис Шродер, Крис Пл и Данило Галинари кои со серија од 6:0 му донесоа голема победа на својот тим.

Крис Пол натпреварот го заврши со 28 поени и седум скокови, додека Галинари уфрли два поени помалку.

Кај Хјустон уште еднаш напрецизен беше Џејмс Харден кој запиша 32 поени, а него го следеше Роберт Ковингтон кој натпреварот го заврши со 17 постигнати поени.

Кошаркарите на Мајами Хит и Милвоки Бакс пак го одиграа првиот полуфинален натпревар на  Источната конференција.

На победа се радуваше клубот од Флорида кој славеше со 115:104. Предводник кај Мајами беше Џими Батлер кој одигра спектакуларен натпревар со личен плеј-оф рекрод уфрлајќи 40 поени.

Горан Драгиќ одигра одличен натпревар со 27 поени, а солиден беше и Адебајо кој имаше 12 поени и 17 скокови.

Кај Милвоки, Крис Мидлтон беше најефикасен со 28 поени, додека Брук Лопез додаде 24 поени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.