(ВИДЕО) НБА Ол-стар: Триумфираше тимот на Леброн, Адетокумбо МВП

Екипата на Леброн Џејмс го совлада тимот на Кевин Дјурант со 170:150 во годинешниот егзибиционен натпревар на „сите ѕвезди“ во американската проесионана кошаркарска НБА лига која се одигра ноќта кон неделата во Атланта, а за најкорисен играч на мечот е проглесен Јанис Адетокумбо,

Крилниот играч на Милвоки Бакс го предводеше тимот на Лебронб до победата со 35 коша со сотпроцентер шут од игра од 16 од 16 од кои 3 од 3 во ударите за „тројка“. Адетокумбо на тоа додаде и седум скокови за само 19,12 минути мината на паркетот.

Покрај него, во побдничкиот тим се истакнаа и беког Демиен Лилар до 32 и Стеф Кари со 28 поени, а двајцата погодија и по осум „тројки“. Капитенотна тимот Леброн Џејмс одигра само 12,46 минута, исте во првото полувреме и за тој период постина само четир поени со четир асистенции, но бидејќи веќе на полувременот неговиот тим имаше значителна предност од 100:80, немаше потреба да влегува во игра во продолжението.

Во тоот на Дјурант, пак, најефикасни еа Бредли Бил со 26 поени и Кајри Ирвинг со 24 коша и 12 асистенции.

Ова беше четвтиот „Ол стар“ натпревар во ваков формат, во кој два капитена ги избираат своите екипи, а во сите четири досегашни изданија славеа тимовите кои ги избра Леброн Џејмс.

Пред натпреварот се одржаа и традиционалните натпреварувања во забивање, тројки и вештини.

Најдобар во забивањата беше 21-годишниот играч на Портланд Трејл Блејзерс, Енферни Сајмонс, кој во финалето беше подобар од новјалијата во редовите на Њујорк Никс, Обидија Ричард „Оби“ Топлин џуниор.

Доста интересно беше натпреварувањето во „тројки“. Бекот на Јута Џез, Мајк Конли го постави прагот многу високот со 27 бодови, пред на теренот да стапи Стефен Кари. Беконт на Голден Стејт Вориорс стаса до 23 поени пред последните пет шута кои му беа на распполагање, ги погодите трите од првите четири и стаса до 26 поени, и на крајот му остана шарената топка која важи два поена. Кари го погоди и овој шут и славеше со вкуопно 28 поени.

Во натпреварувањето во вештините во играта, победи Литванецот Домантас Сабонис од Индијана Пејсерс. Тој лани беше втор во ова натпреварување, но оваа сезона во финалето го совлада Црногорецот од Орландо Меџикс, Никола Вучевиќ.