НБА: Пистонс ги изненадија Лејкерс

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги изненадија актуелните прваци Лос Анџелес Лејкерс, совалдувајќи ги на свој терен со 107:92, отако во последната четвртина ги оставија без кош речиси седум минути.

За Лејкерс, кои овој меч настапија без повредениот Ентони Дејвис, ова беше натпреварот во кој постигнаа најмалку поени и втор последователн пораз на гсоти, откако на почетокот од сезоната имаа серија од 10-0.

Блејк Грифин беше најдобар стрелец кај победничкиот тим со 23 коша. Вејн Еленгтон додаде 20 поени, од кои шест „тројки“, а Мејсон Пламли 17 коша и 10 скокови.

Леброн Џејмс беше најдобар поединец кај Лејкерс со 22 коша, но постигна само два во второто полувреме. Покрај тоа впиша и 10 асистенции и 7 скокови. Кајл Кузма исто така постигна 22 поени, а Тејлен Хортон-Такер 13 поени.

Вториот тим од „градот на ангелите“, Лос Анџелес Клиперс, пак, ноќта кон петокот со 109:105 ги совладаа минатогодишните финалисит Мајами Хитс. За победниците францускиот игрч Николас Батум постигна 18 коша,. Лоу Вилијамс додаде 17, а по 16 поени нанижаа Маркус Морис и Реџи Џексон.

Тајлер Хиро, во својот прв меч по повредата, ги предводеше Мајами со 19 поени, 10 скокови и 5 асистенции. Гејб Винсент додаде 18 поени, а Бам Адебајо мечот го заврши со 16 коша, 13 скокови и 7 асистенции.

Хрјостон Рокетс на домашен паркет со 104:101 беа подобри од Портланд Трејл Блејзерс, а до победата ги водеше Виктор Одалипо со 25 коша, од кои и положувањето на 26,2 секунди до крајот што на неговиот тим му донесе предност од три поена. Демиен Лолард беше најдобар кај Портланд, со 30 коша, а Енферни Сајмонс го промаши шутот за израмнување со звукот на сирената, откако претходно постигна 13 поени.

Феникс Санс со 114:93 беа подобри дома од Голден Стејт Вориорс, а Микал Бриџес со 20 поени ги водеше седумте домашни играчи кои имаа двоцирен ефект. Стеф Кари со 27 коша беше најдобар стрелец на мечот и кај Вориорс.

 

РЕЗУЛТАТИ

Хјустон Рокетс – Портланд Трејл Блејзерс 104:101
Детроит Пистонс – Лос Анџелес Лејкерс 107:92
Мајами Хитс – Лос Анџелес Клиперс 105-109
Феникс Санс – Голден Стејт Вориорс 114:93

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Филаделфија 13 6 .684 –
2. Бруклин 12 8 .600 1 1/2
3. Бостон 10 7 .588 2
4. Њујорк 8 11 .421 5
5. Торонто 7 11 .389 5 1/2

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки 11 6 .647 –
2. Индијана 11 7 .611 0 1/2
3. Кливленд 9 9 .500 2 1/2
4. Чикаго 7 10 .412 4
5. Детроит 5 14 .263 7

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Атланта 9 9 .500 –
2. Орландо 8 11 .421 1 1/2
3. Шарлот 7 11 .389 2
4. Мајами 6 12 .333 3
5. Вашингтон 3 11 .214 4

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Јута 14 4 .778 –
2. Денвер 11 7 .611 3
3. Портланд 9 8 .529 4 1/2
4. Оклахома Сити 8 9 .471 5 1/2
5. Минесота 4 13 .235 9 1/2

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. ЛА Клиперс 14 5 .737 –
2. ЛА Лејкерс 14 6 .700 0 1/2
3. Феникс 9 8 .529 4
4. Голден Стејт 10 9 .526 4
5. Сакраменто 7 10 .412 6

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Сан Антонио 10 8 .556 –
2. Мемфис 7 6 .538 0 1/2
3. Хјустон 8 9 .471 1 1/2
4. Далас 8 10 .444 2
5. Њу Орлеанс 6 10 .375 3

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.