НБА плејоф: Јута го зголеми водството, Милвоки го намали

Кошаркарите на Јута Џез поведоа со 2-0 во победи против Лос Анџелес Клиперс во полуфиналето во доигрувањето во Запдната конференција на НБА лигата откако во вториот дуел на својот паркет славеа со 117:111, додека Милвоки Бакс во третиот дуел од полуфиналето на Истокот на свој терен со 86:83 ги совладаа Бруклин Нетс намалувајќи на 1-2 во серијата до четири победи.

За разлика од првиот дуел во кој бавно влегуваше во натпреварот и дури во второто полувреме ја презема контролата над резултатот, Јута во вториот меч беше во водство речиси цело време, а на почетокот од второто полувреме дури и со „плус 21“ (76:55). Сепак, на пет минути до крајот Клиперс успеаја да се приближат на 103:107, но Ројс О’Нил и Џо Инглс со „тројки“ ги одведоа Џез на 113:103 на три минути пред истекот на времето.

Јута до новата победа ги преводеше Донован Мичел со 37 коша, Џордан Кларксон од клупата додаде 24 а Џо Инглс 19 поени, додека центарот Руди Гобер 13 копа и дури 20 скокови, а Бојан Богдановиќ одигра одлична одбрана над Каваил Леаонард постигнувајќи притоа 16 поени.

Кај Клиперс најефикасен беше Реџи Џексон со 29 поени, Пол Џорџ додаде 27 коша со 10 скокови, а Каваи Леонард 21 кош.

Следните два натпревара во серијата ќе се играат во Лос Анџелес, во сабота и понеделник.

Во сосема поинаков меч од претходните два играни во Бруклин кога и во двата Милвоки Бакс примија по над 120 коша, во својата сала, Бакс славеа благодарејќи на одбрана која ги принуди Нетс на само 36 отсто шут од игра и ги остави на само 83 поени, што е најлошото напаѓачко остварување на екипата оваа сезона.

Речиси 80 отсто од 86-те поени на Бакс ги постигнаа само двајца играчи. Крис Мидлтон го одигра мечот на кариеараа во доигрувањата со 35 поени и 15 скокови, додека Јанис Адетонкумпо дуелот го заврши со 33 коша и 14 скокови. Кај Нетс, кои повторно играа без повредениот Џејмс Харден, Кевин Дјурант постигна 30 поени со 11 скокови, а Кајри Ирвинг додаде 22 коша.

Дјурант со „тројката“ на 1,23 минути до крајот ги доведе Нетс во водство од 83:80, но гостите потоа повеќе не успеаја да поентираат. Веќе во следниот напад Мидлтон намали на 82:83, за по неколкуте промашувања и од двете страни Џру Холидеј да „положи“ за 84:83 за Бакс, на 11 секунди до крајот. Брус Браун потоа промаши еден шут за Нетс по што мораше со фаул да го сопре Мидлтон, кој на 2 секунди пред крајот ги реализирше двете слободни фрлања за 86:83. Потоа Дјурант со звукот на сирената не реализираше шти за „тројка“ преку рацете на Такер и Адетонмкумо.

Четвртиот дуел од оваа серија се игра во сабота.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.