НБА: Победа на Рапторс, пораз на Лејкерс

Атуелните прваци во НБА лигата, Торонто Репторс продолжуваат со победите на турнирот на Флорида каде што изминатата ноќ ги совладаа домашните Орландо Меџик со 109:99, додека најдобриот тим на Западот, Лос Анџелес Лејкерс го забележа и вториот пораз од рестартирањето на лигата, од Оклахома Сити Тандерс со 105:86.

Оклахома беше во водство цело време и благодарејќи на добрата одбрана, на Крис Пол со 21 о на Данил Галинари со 10 коша дојде до 42-та победа, додека Лејкерс го впишаа 16-от пораз. Леброн Џејмс со 19 поени и 11 скокови и Ентони Дејвис со 9 поени, беа добро чувани, а од игра двајцата вкупно погодија 10 од 30 обиди, што е најнискиот ефект на двајцата оваа сезона. Лејкерс, покрај тоа, имаа само 13 погодени обиди за „тројка“, 5 од 37 шута, што е најлошиот скор во историјата на славниот клуб.

Торонто Репторс со победата над Орландо Меџик им се приклучија на Индијана и Феникс, единствените екипи кои имаат по три победи во продолжението на сеозаната. За новиот успех на Торонто најзаслужни се Фред Ванвлеет со 21 и Паскал Сиакам со 15 поени, а во оваа сезона канадскиот тим беше подобар во сите четири соочувања со Орландо.

Јута Џез се на четвртото место по победата над Мемфис Гризлис со 124:115. И Јута и Мемфис од продолжението на сезоната немаа победа, а Џезерите ја прекинаа оваа традиција предводени од Австралиецот Џо Инлгес со 15 кој во последната четвртина со две „тројки“ ја запечати судмината на Грзилис. Кај Мемфис најдори беа Дилон Брукс со 23 и Јонас Валанчиунас со 21 поен и 14 скокови.

До втората победа во низа стаса Денвер Нагетс, кои со 132:126 славеа над Сан Антонио Спарс, кои се сѐ подалеки од плеј-офот. За Нагетс, кои се трети на Западот, најдобри беа Мајкл Портер со 30 и Никола Јокиќ со 25 која и 11 асистенции, а кај Спарс  – Руди Гај со 23 поени.

Бостон Селтикс високо ги поразија Бруклин Нетс со 149:115, одека Сиксерс славета против Вашингтон со 107:98.

РЕЗУЛТАТИ

Јута Џез – Мемфис Гризлис 124:115
Вашингтон Визардс- Филаделфија 76ers 98:107
Сан Антонио Спарс – Денвер Нагетс 126:132
Лос Анџелес Лејкерс – Оклахома Сити Тандер 86:105
Орландо Меџик – Торонто Рапторс 99:109
Бостон Селтикс – Бруклин Нетс 149:115

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Милвоки Бакс 54 14 79,4
Торонто Рапторс 49 18 73,1
Бостон Селтикс 45 23 66,2
Мајами Хит 43 25 63,2
Индијана Пејсерс 42 26 61,8
Филаделфија 76ерс 41 27 60,3
Бруклин Нетс 32 36 47,1
Орландо Меџик 32 37 46,4
Вашингтон Визардс 24 44 35,3
Шарлот Хорнетс 23 42 35,4
Чикаго Булс 22 43 33,8
Њујорк Никс 21 45 31,8
Детроит Пистонс 20 46 30,3
Атланта Хоукс 20 47 29,9
Кливленд Кавалиерс 19 46 29,2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Лос Анџелес Лејкерс 51 16 76,1
Лос Анџелес Клиперс 45 22 67,2
Денвер Нагетс 45 23 66,2
Јута џез 43 25 63,2
Оклахома Сити Тандер 42 25 62,7
Хјустон Рокитс 42 25 62,7
Далас Маверикс 41 29 58,6
Мемфис Гризлис 32 37 46,4
Портланд Трејл Блејзерс 31 31 44,99
Сан Антонио Спарс 29 38 43,3
Њу Орлеанс Пеликанс 29 38 43,3
Феникс Санс 29 39 42,6
Сакраменто Кингс 28 39 41,8
Минесота Тимбервулвс 19 45 29,7
Голден Стејт Вориорс 15 50 23,1