НБА: Победи на Денвер, Торонто и Њујорк

Синоќа во НБА лигата се одиграа три натпревара, Денвер Нагетс славеа против Оклахома Сити Тандер, Торонто Репторс против Бостон Селтикс, а Њујорк Никс против против Орландо Меџикс.

Никола Јокиќ постигна 36 коша со 10 асистенции и 9 скокови и Денвер Нагетс дома го победија дома Оклахома Сити Тандерс со 121:112. Вил Бартон додаде 23 коша, а Џамал Мареј 20 поени за петтата последователна победа на Денвер. Кај Оклахома најдобар беше Расел Вестбрук ксо 22 коша, 14 скокови, додека Пол Џорџ даде 25 коша со 8 скокови, 7 асистенции и 6 укрдени топки.

Нагетс имаа предност од 13 коша на почетокот од последната четвртина, пред Оклахома да ја преземе и дојде во водство од три коша. Тогаш Денвер одговори со серија во која Мислап погоди две слободни фрлања, а Мареј „тројка“ и им ја враи предноста на Нагетс.

Торонто Репторс, исто така, дома со 118:95 ги надиграа Бостон Селтикс, а до победата ги водеше Паскал Сиејкам со 25 поени и 8 скокови. Кејл Леонард додаде 21 кош и 6 скокови за Репторс. Кај Селтикс, на кои ова им е трет пораз со ред, најдобар беше Маркус Морис со 17 поени.

Њујорк Никс во својот „Медисон Сквер Гарден“ со 108:103 ги победија Орландо Меџикс, надомесутвајќи разлика од 16 кошеви. Емануел Мадиај беше најдобар поединец кај Никс со 19 поени, а Алонзо Триер додаде 18 поени. Арон Гордон и Никола Вувечвиќ ги прдводеа Меџикс со по 26 поени.

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

1. Торонто 45-17
2. Филаделфија 39-22
3. Бостон 37-24
4. Бруклин 32-30
5. Њујорк 13-48

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

1. Милвоки 46-14
2. Индијана 40-21
3. Детроит 29-30
4. Чикаго 16-45
5. Кливленд 14-47

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

1. Шарлот 28 32
2. Орландо 28 34
3. Мајами 26 33
4. Вашингтон 24 36
5. Атланта 20 41

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Денвер 42-18
2. Оклахома Сити 38-22
3. Портланд 37-23
4. Јута 33-26
5. Минесота 29-31

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

1. Голден Стејт 43-17
2. Лос Анџелес Клиперс 34-28
3. Сакраменто 31-29
4. ЛА Лејкерс 29-31
5. Феникс 12-50

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Хјустон 35-25
2. Сан Антонио 33-29
3. Њу Орлеанс 35-35
4. Далас 26-34
5. Мемфис 24-38

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.