НБА: Порази на екипите од Лос Анџелес

Двете екипи од Лос Анџелес, Клиперс и Лејкерс претрпеа порази во новата рунда соочувања во НБА Лигата ноќта кон средата,

Клиперс беа поразени со 104:112 на домашен паркет од Далас Маверикс по продолженијата. Домашните до продолженијата дојдоа со серијата 11:1 во последните минута ипол од последната четвртина, а на 103:103 израмни Пол Џорџ со „тројка“ со звукот на сирената. Но во дополнителните пет минути Клиперс постигнаа само еден поен, додека Маверикс во продолжението тргнаа со серијата 7:0, благодарејќи на полагњето и забивањето на Кристапс Порзингис и „тројката“ на Макси Клебер.

Најдобар кај Маверикс, кои со оваа победа ја прекинаа низата од три пораза, беше Пирзингис со 30 коша, додека повратникот по повредата Лука Дончич додаде 26 поени. Кај Клиперс Реџи Џексон постигна 31 кош со 10 скокови, а Пол Џорџ додаде 26 коша со 9 скокови.

Њујорк Никс во својот „Медисон Сквер Гарден“ со 106:100 ги надиграа Лос Анџелес Лејкерс кои играа без суспендираниот Леброн Џејмс кој е казнет со еден меч поради тепачката во Детроит пред две вечери. Благодарејќи на одличниот шут за „тројка“, Никс кон средината на втората четвртина имаа 25 коша предност (54:29), но кон крајот на третата делница Лејкерс првенствено благодарејќи на Расел Вестбрук успеаја да додјдат до израмнување 79:79. Сепак, Лејкерс не успеаја и да поведат, Никс во четвртата четвртина повтордно се одлепија на 99:90 и остварија важна победа.

Еван Фурние со 26 коша и поранешниот играч на Лејкерс, Џулиус Рендл со 20 коша и 16 скокови ги предводеа Никс, додека на Лејкерс не им помогна ниту „трипл-даблот“ на Вестбрук со 31 кош, 13 скокови и 10 асистенции.

Мајами Хитс со пресврт во последната делница стасаа до 100:92 победата на гостувањето кај Детроит Пистонс. На почетокот од четвртата четвртина Пистонс водеа со 77:68, но следеше серија на Хитс од 26:5 за само седум минути со кој гостинскиот тим на три ипол минути пред крајот стасаа до недостижните 94:82. Одличен кај Хитс бепе Тајлер Хиро кој влезе од клупата и постигна 31 кош, додека кај домашните најефикасен беше Џереми Гранс со 21 поен.

Портланд Трејл Блејзерс без поголеми проблеми со 119:100 на својот паркет ги надиграа ослабените „Денвер Нагетс“. СиЏеј Меккалум со 32 поени ги предводеше победниците, додека Џеф Грин оствари 24 коша за поразените.

РЕЗУЛТАТИ

ЛА Клиперс – Далас 104:112 (продолжение)
Детроит – Мајами 92:100
Њујорк – ЛА Лејкерс 106:100
Портланд – Денвер 119:100

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Бруклин 13 5 72,2
Мајами 12 6 66,7
Чикаго 12 6 66,7
Вашингтон 11 6 64,7
Шарлот 11 8 57,9
Њујорк 10 8 55,6
Бостон 10 8 55,6
Милвоки 10 8 55,6
Филаделфија 10 8 55,6
Кливленд 9 9 50,0
Атланта 9 9 50,0
Торонто 8 10 44,4
Индијана 8 11 42.1
Детроит 4 13 23,5
Орландо 4 14 22.2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Голден Стејт 15 2 88,2
Феникс 14 3 82,4
Јута 11 6 64,7
Далас 10 7 58,8
ЛА Клиперс 10 8 55,6
Портланд 10 8 55,6
Мемфис 9 8 52,9
Денвер 9 9 50.0
ЛА Лејкерс 9 10 47.4
Минесота 8 9 47.1
Оклахома Сити 6 11 35,3
Сакраменто 6 12 33.3
Сан Антонио 4 12 25,0
Њу Орлеанс 3 16 15.8
Хјустон 1 16 5.9