НБА преглед: Голден Стејт ја сочуваа предноста со Јута, Тејтум петти пат со над 50 коша

Изминатата ноќ во НБА лигата Сан Франциско, кошаркарите на Голден Стејт Вориорс со 94:92 ги совладаа Јута Џез, соочувајќи ја предноста.

Голден Стејт водеа со 13 коша на четири минути до крајот на третаа четвртина, но потоа во следните седум минути ја испуштија речиси целата предност и Јута дојде на 86:83 благодарејќи на серијата 20:4.

„Тројката“ на Кевон Луни на 1,48 минути до крајот ги доведе Голден Стејт во водство од пет поени благодарејќи на што го одбија налетот на Јута. Октако ги доведе Џез на два коша зоастанување со „тројка“ на 32,8 секудни пред крајот, Бојан Богдановиќ не успеа тоа да го повтори за победа 1,8 секунди до крајот.

Богдановиќ дуелот го заврши со 21 кош со 8 скокови како најпецизен во Џез. Руди Гобер додаде 12 коша со 19 скокови за Јута за која ова е седми пораз во последните девет натпревари.

Во првиот натпревар вечерта, Њујорк Никс во недлата дома со 110:102 ги надиграа Лос Анџелес Клиперс. Најдобар стрелец кај Клиперс беше Реџи Џексон со 26 коша, додека Лук Нард додаде 14 поени. Никс до победата ги водеше ЕрЏеј Барет со 28 поени и 14 скокови, а Џулиус Рандл додаде 24 коша.

Бостон Селтикс на гости со 116:87 ги надиграа Вашингтон Визардс,м а Џејсон Тејтам постигна 51 поен од кои девет „тројки“. Тоа е негова петт натпревар со најмалку 50 коша а на тоа додаде 10 скокови и 7 асистенции, додаде Џејлен Браун додаде 18 коша со 10 скокови. Кај Вашингтон најдобар беше Бредли Бил со 19 поени и 7 асистенции.

Мајами Хитс дома со 113:107 беа подори од Лос Анџелес Лејкерс. Најдобар стрелец кај Мајами беше Данкан Робинсон со 25 коша, а Џими Батлер впиша „трипл-дабл“ со 20 коша, 10 скокови и 12 асистенции. Лејкерс ги предводеше Леброн Џејмс со 30 коша.

Атланта Хокс на гостувањето со 113:91 бие подобри од Шарлот Хорнетс, Орландо Меџикс ја прекинаа низата од девет порази победувајќи ги дома Чикаго Булс со 114:95, а Филаделфија 76ерс со 115:109 ги совладаа домашните Сан Антониот Спарс.

Далас Маверикс дома со 104:91 ги надиграа Мемфис Гризлис, а словеничкиот кошаркар Лука Дончич во поебдата на својата екипа учествуваше со 37 коша, 11 скокови и 9 асистенции.

Денвер Нагетс со 117:111 дома ги победија Детроит Пистонс, а ги предводеше Никола Јокиќ со 34 коша, 9 скокови и 8 асистинции.

Портланд Трејл Блејзерс со 114:105 на госит славеа против Торнто Рапторс, а Минесота Тимберволфс дома со 136:125 ги совладаа Бруклин Нетс.