НБА преглед: Кари го мина Реј Ален во „тројките“, Јокиќ се израмни со Брд

Стефен Кари стана најдобриот стрелец на „тројки“ во историјата на НВА лигата, вклучително и во регуларниот дел од сезоната и од доигрувањата, откако ноќта кон саботата постигна девет „тројки“ за вкупно остварување од 40 коша во домашната победа на Голден Стејт Вориорс од 119:93 над Чикаго Булс.

Кари така стаса до бројката од 3.366 „тројки“ во 886 натпревари, што е за осум подобро од рекордот кој го држеше Реј Ален остварен на повеќе натпревари – 1.471. На Кари сега му преостанува да го мине бројот на „тројки“ на Ален постигнати во регуларниот дел од сезоната – 1.973, а играчот на Вориорс има 2.896.

Ендрју Вигинс додаде 15 поени во седмата последователна победа на Вориорс, а Кевон Луниј остави 9 скокови. Кај Чикаго најдобар поединец беше Зак Лавин со 23 поени, додека Демар Дерозан додаде 18 коша.

Остварувањето од или над 40 коша е 52-то во кариерата на Кари, кој има постигнато девет или повеќе „тријки“ на еден меч дури 36 пати, што исто така е рекорд во НБА. Џејмс Харден и Демиен Лилард се израмнети на второто место во ова рангирање.

Денвер Нагетс, исто така, дома со 105:96 биа подобри од Атланта Хокс, а до победата ги водеше Никола Јокиќ кој се врати во тимот по суспензијата од еден меч, со 22 коша, 19 скокови и 10 аситенции. За Јокиќ ова е 59-от „трипл-дабл“ во кариерата со што се израмни со легендарниот Ларди Брд на осмото место.

Арон Гордон додаде 23 коша, а Џеф Грин 16 поени во четвртата последователна победа на Денвер. Аталнта не ја спасија ниту 30-те коша на Три Јанг кој додаде на тоа и 9 асистенци.

Минесота Тимберволфс во Лос Анџелес им го нанесоа на Лејкерс третиот пораз во последните пет натпревари совладувајќи ги со 107:83.

Карл-нтони Тоунс постигна 18 коша од вкупно 29 во третата четвртина, а Д’Анџело Расел додаде 22 коша. Во редовите на Лејкерс беше најдобар Ентони Дејвис со 22 коша и 8 скокови, додека Расел Вестбрук впиша 20 поени.

Во единствениот натпревар кој изминатата ноќ беше решен во продолженијата Бостон Селтикс на својот паркет со 122:113 ги победија актуелните прваци Милвоки Бакс.

Денис Шредер постигна 38 коша за Бостон, а Џејсон Тејтум постигна 27 поени со 11 скокови. Милвоки, кој играше бе своите две ѕвезди Јанис Адетонкумбо и Крис Мидлтон, ги предводеше Боби Портис со 22 поени.

Бруклин Нерс предводени од расположениот Џејмс Харден на гостувањето со 120:112 ги надиграа Њу Орлеанс Пеликанс. Харден мечот го заврши со 39 коша и 12 асистенции. Кевин Дурент додаде 28 коша, а Џо Харис 24 поени за седмата победа на Нетс во последните осум натпревари.

Портланд Трејл Блејзерс им го нанесоа десеттиот последователен пораз на Хјустон Рекетс од кои беа подобри со 104:92, а Оклахома Сити Тандерс со 105:103 ги победија Сакраменто Кинг благодарејќи на Лугуенц Дорт кој положи во последните секунди од дуелот.

Далас Маверикс на гости со 123:109 беа подобри од Сан Антонио Спарс, а до победата ги водеше Кристапс Порзингис со 32 коша, а Лука Дончич во победата придонесе со „трипл-дабл“ со 32 коша, 15 асистенции и 12 скокови.

Шарлот Хорнетс дома со 104:96 го надиграа Њујорк Никс и тоа надоместувајќи заостанување од 16 коша од првото полувреме. Кливленд Кавалирс со 98:78 бра подобри од Детроит Пистонс, а Феникс Санс со 119:94 од Мемфис Гризлис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.