НБА преглед: Лејкерс подобри од Мајами, десетта победа за Вориорс

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкер ноќта кон четвртокот ги совладаа Мајами Хитс во репризата од финалето во 2020-та, додека Голеден Стејт Вориорс се првите кои сезонаа ја минаа границата од десет победи надигрувајќи ги Минесота Тримберволвс.

Иако настапија без Леброн Џејмс, Лејкерс го надоместија заостанувањето од девет поени за 4,45 минути до крајот на мечот а потоа по продолженијата со 120:117 да слават против Хитс.

Еден од најзаслужните за победата беше Малик Мон кој во тој период постигна пет коша, а дуелот го заврши со вкупно 27 поени. Расел Вестбрук стаса до својот трет „трипл-дабл“ оваа сезона со 25 коша, 14 асистенции и 12 скокови. Ентони Дејвис додаде 24 коша со 13 скокови.

Кај Мајами, кои во раната фаза од натпреварот останаа без Џими Батлер, најдобар беше Бам Адебајо со 28 коша и 10 скокови.

Голден Стејт Вориорс со триумфот од 123:109 над Минесота Тимберволвс ја впишаа десеттата победа сезонава, а до неа ги предводеа Стеф Кари со 25 коша и 6 асистенци и Ендрју Вигинс кој постигна 35 поени. На Минесота не ѝ помогна ниту расположениот Ентони Едвардс кој дуелот го заврши со 48 поени.

Феникс Санс ја впишаа шестата последователна победа над Портланд Трејл Блејзерс кои ги надиграа со 119:109. Најдобар поединец кај победниците беше Френк Камиски со 31 кош и 7 скокови.

Феникс се искачи на третото место во Западната конференција пред Денвер Нагетс кои ги победија Индијана Пејсерс со 101:98 и без својот МВП, Никола Јокиќ, суспендиран поради туркањето на Маркиев Морис. Вил Бартон за Денвер постигна 30 поени.

Во Источната конференција, пак, благодарејќи на поразот на Мајами, Чикаго и Вашингтон заедно го делат врвот.

Чикаго Булс, во чиишто редови дури пет играчи имаа остварување меѓу 16 и 23 коша, славеа со 117:107 против Далас Маверикс. Лука Динчич беше добро чуван и мечот го заврши со 20 коша, 10 асистенции и 8 скокови.

Истовременно Вашингтон Визардс ги победија Кливленд Кавалирс со 97:94, а еден од најзаслужните за упсехот беше Калј Кизма со 22 коша кој постигна две „тројки“ во последните 26 секунди од дуелот.

Бруклин Нетс на гостувањето беа подобри од Орландо Меџикс со 123:90, а до победата ги водеше Кевин Дурент со 30 поени. Ламаркус Олдриџ додде 21 кош, додека Џејмс Харден оствари „трипл-дабл“ со 17 коша, 11 асистенции и исто толку скокови.

Актуелниот прваци Милвоки Бакс во „Медисон Сквер Гарден“ ги совладаа домашните Њујорк Никс со 113:98 кои во третата четвртина беа во негатива и до 24 поени. Највреден кај Милвоки беше Пат Конатон со 23 коша, додека Јанис Адетокумбо додаде 15 поени, 15 скокови и 8 асистенции. Кај Никс најдобар беше Дерик Роуз со 22 поени и 7 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ

Кливленд Кавалирс – Вашингтон Визардс 94:97
Орландо Меџикс – Бруклин Нетс 90:123
Бостон Селтикс – Торонто Репторс 104:88
Њујорк Никс – Милвоки Бакс 100:112
Хјустон Рокетс – Детроит Пистонс 104:112
Чикаго Булс – Далас Маверикс 117:107
Мемфис Гризлис – Шарлот Хорнетс 108:118
Њу Орлеанс Пеликанс – Оклахома Сити Тандерс 100:108
Сан Антонио Спарс – Сакраменто Кингс 136:117
Денвер Нагетс – Индијана Пејсерс 101:98
Феникс Санс – Портланд Трејл Блејзерс 119:109
Голден Стејт Вориорс – Минесота Тимбервулвс 123:110
Лос Анџелес Лејкерс – Мајами Хитс 120:117 (продолженија)

ТАБЕЛИ

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

1. Бруклин Нетс 8 4 .667 –
1. Филаделфија 76ерс 8 4 .667 –
3. Њујорк Никс 7 5 .583 1
4. Торонто Репторс 6 6 .500 2
5. Бостон Селтикс 5 6 .455 2 1/2

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈАА

1. Чикаго Булс 8 3 .727 –
2. Кливленд Кавалирс 7 5 .583 1 1/2
3. Милвоки Бакс 6 6 .500 2 1/2
4. Индијана Пејсерс 4 8 .333 4 1/2
5. Детроит Пистонс 2 8 .200 5 1/2

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

1. Вашингтон Визардс 8 3 .727 –
2. Мајами Хитс 7 4 .636 1
3. Шарлот Хорнетс 6 7 .462 3
4. Атланта Хокс 4 8 .333 4 1/2
5. Орландо Меџикс 3 9 .250 5 1/2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

1. Голден Стејт Вориорс 10 1 .909 –
2. Феникс Санс 7 3 .700 2 1/2
3. Лос Анџелес Клиперс 6 4 .600 3 1/2
4. Лос Анџелес Лејкерс 7 5 .583 3 1/2
5. Сакраменто Кингс 57 .417 5 1/2

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Далас Маверикс 7 4 .636 –
2. Мемфис Гризлис 6 5 .545 1
3. Сан Антонио Спарс 4 7 .364 3
4. Хјустон Рокетс 1 10 .091 6
5. Њу Орлеанс Пеликанс 1 11 .083 6 1/2

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Јута Џез 8 3 .727 –
2. Денвер Нагетс 7 4 .636 1
3. Портланд Трејл Блејзерс 5 7 .417 3 1/2
4. Оклахома Сити Тандерс 4 6 .400 3 1/2
5. Минесота Тимбервулвс 3 7 .300 4 1/2