НБА преглед: Мемфис и Феникс ја продолжија серијата победи

Многу важна победа пропуштија изминатата ноќ да забележат кошаркарите на Сан Антонио Спарс кои се борат за десетттото место во Западната конференција, последното коешто води во разигрувањето за доигрувањето.

На домашен терен Сан Антонио беа поразени од Мемфис со 111:112, со што беше запрена низата на Спарс од четири победи, но затоа серијата на Гризлиссе зголеми на сегашните шест победи.

На две ипол минути пред крајот Мемфис имаа сугурно водство од 112:105, но домашниот тим успеа финишот да го направи воздбудлив и дојде во можност да победи. Но на две секунди до крајот, при резултат 111:112. Џоносн промаши за победа на Сан Антониот кои се сега 11-ти на Западот со соодносот меѓу победи и порази 31-45, додека десетти се Лос Анџелес Лејкерс со соонос 31-44.

Најобар кај Спарс беше Деџонте Мареј со 33 поени, од кои шест од девет обида за „тројка“, и 13 скокови.

Деветта победа во низа впишаа Феникс Санс, коишто во дербито на Западот на гости ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 107:103. За вистинско дерби, сепак, кај домашните изостана повредениот Стефен Кари.

Сите играчи од првата петорка на Феникс постигнаа двоцифрен број поени, а си 16 коша и 16 скокови се издвои Деандре Ејтон, по 22 коша постигнаа Девин Букер и Микал Бриџес, додека Крис Пол додаде 15 поени со 8 асистенции. На спротивната страна одлична претстава имаше Џордан Пол со 38 коша, 9 скокови и 7 асистенции.

Голден Стејт сега имаат 48-29, како и Далас Маверикс кои на гости ги совладаа Шарлот Хорнетс со 120:112. Натпреварот во полза на Далас го сврте Лука Дончич кој само во второто полувреме постигна 22 поени од вкупно 39, а на тоа додаде 13 аистенции и 9 скокови.

Во налет се и Денвер Нагетс кои на табелата на Западот се зад Голден Стејт и Далас, и имаат две победи помалку. Ноќта кон четвртокот Денвер ги победија Индијана Пејсерс со 125:118 предводени од Никола Јокиќ. Иако имаше дури седум загубени топки, Јокиќ дуелот го заврши со 37 поени, 13 скокови и 9 асистенции, а имаше и одличен шут од 15 реализации од 19 обиди.

Иако неодамна Мајами Хитс беа во мини криза, очигледно брзо закрепнаа и остварија важна победа од 106:98 над Бостон Селтикс со што направија ново помало придвижување кон првото место во Источната конференција. Мајами натпреварот го прекрши во последната четвртина во којашто оствари плус 12, а први стрелци кај гостите беше Џими Батлер со 24 и Кајл Лоури со 23 кошат, додека Бам Адебајо додаде 17 поени со 12 скокови и 8 асистенции.

Важна победа кон настапот во плеј-ин впишаа и Њу Орлеанс Пелинска кои на гости ги совладаа Порталнд Трејл Блејзер со 117:107 со 25 коша на СиЏек Меккалук кој доскоро играше за поразениот тим, Повторно одличен беше Три Јанг со 41 кош кој на водеше Атланта до победата од 136:118 кај Оклахома.

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Далас 112:120
Индијана – Денвер 118:125
Вашингтон – Орландо 127:110
Бостон – Мајами 98:106
Њујорк – Шарлот 114:125
Торонто – Минесота 125:102
Хјустон – Сакраменто 118:121
Оклахома Сити – Атланта 118:136
Сан Антонио – Мемфис 111:112
Голден Стејт – Феникс 103:107
Портланд – Њу Орлеанс 107:117

ТАБЕЛИ

Источна конференција
1. Мајами Хит 49 28
2. Милвоки Бакс 47 28
3. Филаделфија 76ерс 46 29
4. Бостон Селтикс 47 30
5. Чикаго Булс 44 32
6. Торонто Репторс 44 32
7. Кливленд Кавалирс 42 34
8. Бруклин Нетс 40 36
9. Шарлот Хорнетс 40 37
10. Атланта Хокс 39 37
11. Њујорк Никс 34 43
12. Вашингтон Визардс 33 43
13. Индијана Пејсерс 25 52
14. Детроит Пистонс 20 56
15. Орландо Меџик 20 57

Западна конференција
1. Феникс Санс 62 14
2. Мемфис Гризлис 54 23
3. Далас Маверикс 48 29
4. Голден Стејт Вориорс 48 29
5. Денвер Нагетс 46 31
6. Јута Џез 45 31
7. Минесота Тимбервулфс 43 34
8. Лос Анџелес Клиперс 37 39
9. Њу Орлеанс Пеликанс 33 43
10. Лос Анџелес Лејкерс 31 44
11. Сан Антонио Спарс 31 45
12. Сакраменто Кингс 28 49
13. Портланд Трејл Блејзерс 27 49
14. Оклахома Сити Тандер 22 54
15. Хјустон Рокетс 20 57