НБА Преглед: Победа на Клиперс, пораз на Јута

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ноќта кон петокот ги совладаа Мајами Хитс со 112:109 , остварувајќи ја шестата победа во низа со четири порази, додека Мајами има соодност од 7-5 во НБА лигата

Клиперс очајно влегоа во натпреварот и во текот на првата четвртина беа во заостанување од дури 19 поени, а на крајот од првата делница гостите водеа со 40:25. Домашните возвратија во втората четвртина која ја добија со 31:18, а во третата ја добија со 10 поени разлика (30:20). Во последната четвртина Хитс успеаја да се доближат на само три поена разлика (96:99), а на 40 секунди пред крајот на само поен (107:108), а „минус еден“ беше и на четири секунди до крајот (109:110), но домаѓшните ги спаси во тие моменти Реџи Џексон реализирајќи ги последните четири слободни фрлања.

Пол Џорџ ги предводеше Клиперс со 27 коша, Џексон додаде 22, а Ерик Бледшо 21 кош. Кај Мајами Бам Адебајо впиша 30 коша и 11 скокови, додека Кајл Лоури доде 25 поени.

Кошаркарите на Јута Џез дома во Солт Лејк Сити беа поразени од Индијана Пејсер со 100:111, впишувјќи го четвртиот пораз сезонава, а прв на својот паркет.

Натпреварот го одбележа инцидентот на четири минути пред крајот по која беа исклучени домашните играчи Руди Гобер, Донован Мичел и Џо Инглес, а Мајлс Тарнер во спротивниот рабор. Гужвата се случи кога Тарнер во скок го подбутна Гобер а Французинот во падот го повлече за дресот оборувајќи го на паркет. Дојде до турканица во која се вклучија и другите играчи за да ги раздвојат.

Тарнер за тепачката го обвини Гобер кој го турна на подот. „Морав да се одбранам во таа ситуација. Мислам дека не сторив ништо лошо. Но не е мое да одлучувам“, рече Тарнер по мечот.

Гостите до победата ги влечеше Маклом Брогдон со 30 коша и 9 скокови, додека ТиЏеј Мекконел додаде 21 кош и 8 скокови. Во редовите на Јута најефикасен беше Донован Мичел со 26 коша, а Руди Гобер додаде 19 коша и 11 скокови, а уште еднаш двоцифрен беше Џордан Кларксон со 11 поени.

Гостите славеа и на дуелот меѓу Филаделфија 76ерс и Торонто Репторс со 115:109.

Клучен играч беше Фред Ван Влите кој за Репторс постигна 32 поени, 6 скокови и 7 асистенција. По 20 коша додадоа Греј Трент цуниор и Ог Ануноби. Кај Филаделфија, за кој не играа ѕвездите Џоел Ембиид и Бен Симонст, беше најефикасен Тајриз Макси со 33 коша.

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантска дивизија
1. Бруклин Нетс 8 4 .667 –
2. Филаделфија 76ерс 8 5 .615 0 1/2
3. Њујорк Никс 7 5 .583 1
4. Торонто Репторс 7 6 .538 1 1/2
5. Бостон Селтикс 5 6 .455 2 1/2

Централна дивизија
1. Чикаго Булс 8 3 .727 –
2. Кливленд Кавалирс 7 5 .583 1 1/2
3. Милвоки Бакс 6 6 .500 2 1/2
4. Индијана Пејсерс 5 8 .385 4
5. Детроит Пистонс 2 8 .200 5 1/2

Југоисточна дивизија
1. Вашингтон Визардс 8 3 .727 –
2. Мајами Хитс 7 5 .583 1 1/2
3. Шарлот Хорнетс 6 7 .462 3
4. Атланта Хокс 4 8 .333 4 1/2
5. Орландо Меџик 3 9 .250 5 1/2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Пацифичка дивизија
1. Голден Стејт Вориорс 10 1 .909 –
2. Феникс Санс 7 3 .700 2 1/2
3. Лос Анџелес Клиперс 7 4 .636 3
4. Лос Анџелес Лејкерс 7 5 .583 3 1/2
5. Сакраменто Кингс 57 .417 5 1/2

Југозападна дивизија
1. Далас Маверикс 7 4 .636 –
2. Мемфис Гризлис 6 5 .545 1
3. Сан Антонио Спарс 4 7 .364 3
4. Хјустон Рокетс 1 10 .091 6
5. Њу Орлеанс Пеликанс 1 11 .083 6 1/2

Северозападна дивизија
1. Јута Џез 8 4 .667 –
2. Денвер Нагетс 7 4 .636 0 1/2
3. Портланд Трејл Блејзерс 5 7 .417 3
4. Оклахома Сити Тандер 4 6 .400 3
5. Минесота Тимбервулвс 3 7 .300 4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.