НБА преглед: Победи на Голден Стејт и Минесота

Изминатата ноќ кон средата во НБА лигата беа одиграни два натпревара, Голден Стејте Вориорс со 102:86 ги победија Детроит Пистонс, додека Минесота Тимберволфс со 112:110 беа подобри од Њујорк Никс.

Вориорс до победата ги водеа Стеф Кари и Клеј Томпсон кој во својот петтиот натпревар по враќање на теренот по две ипол години оствари 21 кош, со по три асистенции и скокови. Кари додаде 18 коша и 8 асистенции во треите четвртини колку што мина на паркеот. Отсутноста на Дрејмонд Грин успешно ја надополни Ендрју Вигинс кој постигна 19 поени.

Кај Пистонс најдобар поединец беше Родни Мекгрудер кој натпреварот го заврши со 29 поени.

Голден Стејт моментално се втората екипа во Западната конференција зад Феникс, додека Детроит се претпоследни во Источната конференција.

 

Во натпреварот во Њујорк, Минесота за два поена беше подобра од домашниет Никс.

Карл-Ентони Тоусн во победата на својот тим учествуваше со 20 поени, а Волфс ги донесе во водство од 111:109 на 29,3 секунди пред крајот. Тоа беше 14-та и последна измена на водството во овој тесен меч, бидејќи на крајот Алек Баркс не реализираше „тројка“ за Никс.

Еван Фурние ги предводеше Њујорк со 27 коша, додека Кемба Вокер, исто така, повратник на терените по девет натпревари пауза поради повреда, додаде 19 поени.

Кај Минесота најдобар со 21 кош беше Ентони Едвардс, Д’Анџело Расел додаде 17 поенми.

Благодаррејќи на шестата победа во последните осум дуели, Минесота се искачи на седмити место во Западната конференција со 22 победи и исто толку порази. Њујорк остана 11-ти во Источната конференција со 22 победи и 23 порази.