НБА преглед: Санс со 14-ти триумф во низа, Јута подобра во Оклахома Сити

Феникс Санс ноќта кон четвртокот ги совладаа Кливленд Кавалирс на негов терен со 120:115.

За Санс ова е 14-та победа во низа. Санс последен пат беа поразени на 27-ми октомври од Сакраменто Кингс, кога Харисон Барнс го постигна победничкиот кош со звукот на сирената.

Вицешампионот на Западната конференција ја започна НБА-сезоната со една победа од четири натпревари, а потоа врза 14 победи.

Санс ја има својата најдолга победничка серија од 2006/07 година, кога направи клупски рекорд со 17 натпревари без пораз.

Јута Џез со 110:104 победија на гостувањето на Оклахома Сити Тандерс. Џордан Кларксон со 20 поени беше најдобар кај победниците, Боја Бохдановиќ за 30 минути на паркетот постигна 19 поени од кои 12 во третата четвртина, а Руди Гобер врза 15 поени, 17 скокови и 5 блокади. Кај Тандерс најдобар беше Лугуенц Дорт со 27 коша.

РЕЗУЛТАТИ:

Оклахома Сити – Јута 104:110
Сан Антонио – Атланта 106:124
Бостон – Бруклин 104:123
Голден Стејт – Филаделфија 116:96
Сакраменто – Портланд 125:121
Хјустон – Чикаго 118:113
Мемфис – Торонто 113:126
Милвоки – Детроит 114:93
Минесота – Мајами 113:101
Њу Орлеанс – Вашингтон 127:102
Кливленд – Феникс 115:120
Индијана – ЛА Лејкерс 116:124 (продолжение)
Орландо – Шарлот 99-106

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантска дивизија
1. Бруклин Нетс 14 5 .737 –
2. Њујорк Никс 10 8 .556 3 1/2
3. Бостон Селтикс 10 9 ,526 4
3. Филаделфија 76ерс 10 9 .526 4
5. Торонто Репторс 9 10 .474 5

Централна дивизија
1. Чикаго Булс 12 7 .632 –
2. Милвоки Бакс 11 8 .579 1
3. Кливленд Кавалирс 9 10 .474 3
4. Индијана Пејсерс 8 12 .400 4 1/2
5. Детроит Пистонс 4 14 .222 7 1/2

Југоисточна дивизија
1. Мајами Хитс 12 7 ,632 –
2. Вашингтон Визардс 11 7 .611 0 1/2
3. Шарлот Хорнетс 12 8 .600 0 1/2
4. Атланта Хокс 10 9 .526 2
5. Орландо Меџикс 4 15 .211 8

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Пацифичка дивизија
1. Голден Стејт Вориорс 16 2 .889 –
2. Феникс Санс 15 3 .833 1
3. Лос Анџелес Клиперс 10 8 .556 6
4. Лос Анџелес Лејкерс 10 10 .500 7
5. Сакраменто Кингс 7 12 .368 9 1/2

Југозападна дивизија
1. Далас Маверикс 10 7 .588 –
2. Мемфис Гризлис 9 9 .500 1 1/2
3. Сан Антонио Спарс 4 13 .235 6
4. Њу Орлеанс Пеликанс 4 16 .200 7 1/2
5. Хјустон Рокетс 2 16 .111 8 1/2

Северозападна дивизија
1. Јута Џез 12 6 .667 –
2. Портланд Трејл Блејзерс 10 9 .526 2 1/2
3. Денвер Нагетс 9 9 .500 3
3. Минесота Тимбервулвс 9 9 ,500 3
5. Оклахома Сити Тандерс 6 12 .333 6