НБА преглед: Сиксерс во продолжениe подобри од Хорнетс, Атланта со рекорд

Највозбудливиот натпревар ноќта кон вторникот во НБА Лигата беше одигран во Шарлот, каде гостите од Филаделфија славеа по продолженијата со 127:124.

Треба да се истакне дека на овој натпревар Шарлот Хорнетс неа дестеткувани, бидејќи Ламело Бол, Тери Розиер, Мејсон Пламли, Џејлен Мекданиелс и Иш Смит се во изолација поради коронавирус протоколите.

Џоел Ембид со 43 коша и 15 скокови беше херој на победата на Филаделфија 76ерс, додека кај домашните Кели Убри џуниор оствари 35 поени.

Лос Анџелес Клиперс со 102:90 славеа на гости кај Портланд Трејл Блејзерс. Пол Џорџ со 21 и Маркус Морис сениор со 17 поени беа најдобри кај Клиперс, кои и натаму играат без првата ѕвезда Каваи Леонард. Јусуф Нуркиќ со 31 поен беше најдобар поединец кај Трејл Блејзерс, кои исто така играа без својата најголема ѕвезда Демиен Лилард,

Тимоте Луваву-Кабаро, кој мечот го заврши со 23 коша, уфрли седум од 25-те „тројки“ на Атланта Хоукс, кои со 121:110 ги победија на гости Минесота Тимбервулфс. Атланта имаше за тру поени шут 25 од 49, надминувајќи го клупскиот рекорд, а дури осум нејзини играчи постигнаа барем една „тројка“.

Голден Стејт Вориорс останаа првата екипа во целата лига по победата од 125:95 против Орландо Меџикс. Стефен Кари со 31 коша, од кои седум „тројки“, и Ендрју Вигинс кој комбинираше 28 поени од кои 8 „тројки“ беа незапирливи, а Вориорс ја забележаа 12-та победа во последните 13 натпревари во Сан Франциски.

Вориорс имаат сооднос на победи и порази од 20-4, колку што имаат и Феникс Санс, кои победија со 108:104 во својата сала ги победи Сан Антонио Спарс. Крисл Пол со 21 кош и 10 асистенции ја постигна клучната „тројка“ за победа на 17 секунди пред крајот.

Актуелните прваци Милвоки Бакс со 112:104 ги надиграа Кливленд Кавалирс, а Јанис Адетонкумбо го прослави својот 27-ми роденден со 12 скокови и 27 поени, од кои 15 во последната четвртина. Крис Мидлтон додаде 21 поен во 10-та победа на Бакс во последните 11 дуели, кои ги поттурна на третото место во Источната конференција со соодносот 16-9.

РЕЗУЛТАТИ

Портланд – ЛА Клиперс 90:102
Мајами – Мемфис 90:105
Голден Стејт – Орландо 126:95
Феникс – Сан Антонио 108:104
Чикаго – Денвер 109:97
Милвоки – Кливленд 112:104
Минесота – Атланта 110:121
Шарлот – Филаделфија 124:127 (продолжение)
Детроит – Оклахома Сити 103:114
Индијана – Вашингтон 116:110

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Бруклин Нетс 16 7 69,6
Чикаго Булс 17 8 68,0
Милвоки Бакс 16 9 64,0
Мајами Хитс 14 11 56,0
Вашингтон Визардс 14 11 56.0
Бостон Селтикс 13 11 54,2
Филаделфија 76ерс 13 11 54.2
Шарлот Хорнетс 14 12 53,8
Кливленд Кавалирс 13 12 52,0
Атланта Хокс 13 12 52,0
Њујорк Никс 11 12 47,8
Торонто Репторс 11 13 45,8
Индијана Пејсерс 10 16 38,5
Орландо Меџика 5 20 20.0
Детроит Пистонс 4 19 17.4

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Голден Стејт Вориорс 20 4 83,3
Феникс Санс 20 4 83,3
Јута Џез 16 7 69,6
Мемфис Гризлис 14 10 58,3
ЛА Клиперс 13 12 52,0
Далас Маверикс 11 11 50.0
Лос Анџелес Лејкерс 12 12 50.0
Денвер Нагетс 11 12 47,8
Минесота Тимбервулфс 11 13 45,8
Портланд Трејл Блејзерс 11 14 44.0
Сакраменто Кингс 10 14 41,7
Сан Антонио Спарс 8 14 36,4
Хјустон Рокетс 7 16 30.4
Оклахома Сити Тандерс 7 16 30.4
Њу Орлеанс Пеликанс 7 19 26.9

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.