НБА преглед: Вориорс ги добија дербитот со Нетс, Јута се врати на победите

Во дерби соочувањето на вечерта водечката екипа во НБА лигата, Годлен Стејт Вориорс како госто ги совладаа Бруклин Нетс со 117:99.

Бријлираше Стефен Кари во 29-те минути минати на паркетот, со 37 коша кај победниците, со 9 погодени „тројки“ од 14 обиди, додека стрелците кај Нетс ги предводеше Џејмс Харден со 24 поени. Поранешиониот играч на Вориорс, со кои освои двер титули во 2017 и 2018, Кевин Дурант немаше своја вечер и постигна 19 поени со слаб учинок на шутот од игра 6-19.

Вориорс со соодносот на победи и порази со 12-2 ја предводат Западната конференција но и целата лига, додека Нетс паднаа на 10-5 и сега се третиот тим во Источната конференција.

Кошаркарите на Јута Џез ја прекинаа низата од два порази против ослабените Филаделфија 76ерс со убедливата домашна победа од 120:85.

Џезерите ги добија Соксерс, за коишто сѐ уште не настапува Џоел Ембид кој е во „ковид протоколо“, а дуелот практично беше решен на почетокот од втората четвртина која домашните остварија серија од 14:0. Ова за Филаделфија беше петтиот последователн пораз.

Бојан Богдановиќ ја предводеше Јута со 27 коша, а се истакна и Џордан Кларксон кој од клупата уфрли 20 поени и Руди Гобер кој оствари 15 коша и 17 скокови. Стрелците на Филаделфија ги предводеше Шејк Милтон со 18 поени.

Лос Анџелес Клиперс со тирумфот на свој паркет од 106:92 над Сан Антонио Спарс ја остварија осмата победа во последните девет натпревари. Најзаслужен за неа беше Пол Џорџ со 34 коша, додека во составот на Спарс, Деџонте Мареј беше блиски до „трипл-дабл“ со 26 поени, 12 скокови и 9 асистенции.