НБА: Руди Гобер од Јута во Минесота

Според американските спортски медиуми, францускиот центар во НБА лигата Руди Гобер ќе ја продолжи кариерата во Минесота Тимберволф, во чии редови ќе мине од Јута Џез каде дојде во 2013 година.

Веднаш откако Јута во доигрувањето беше елиминиран во првиот круг со поразот од Далас Маверикс, се зборуваше за големи промени во клубот од Солт Лејк Сити, а сега се чини тие најави се остваруваат.

Францускиот центар, трипати најдобар одбранбен играч во НБА лигата, во 2018, 2019 и 2021 година, и трикратен учесник во Ол-Стар натпреварите, ќе замине во Минесота а во спротивната насока ќе заминат Малик Бисли, Патрик Беверли, Волкер Кеслер, Џаред Вандербилт и Леандро Болмаро, и дури четири избори од првата рунда од драфтот во следните 2023, 2025, 2027 и 2029 година.

За 30-годишниот Гобер, Минесота ќе биде вториот клуб во НБА лигата, а со сегашната ѕвезда на Волфс, Карл Ентони Таунск, ќе го сочинуваат апсолутно најдобриот центарски тандем во лигата.

Инаку, Минесота со тоа ќе стане единствениот тим во лигата кој ќе има двајца играчи со договори од над 200 милиони долари. Станува збор токму за двата споменати играчи.

Во изминатата сезона во дресот на Јута, во 66 натпревари Гобер имаше просек од 15,6 поени и 14,7 скокови по натпревар.