НБА: Санс на врвот на Западот, Ламело се впиша во историјата

Кошаркарите на Феникс Санс избија на чело на Западната конференција во НБА лигата, откако ноќта кон неделата со 125:117 победија на гостувањето кај Индијана Пејсерс.

Санс до победата ги водеа Макал Бридџес со 34 и Девин Букер со 25 коша, додека Крис Пол додаде 15 поени и 10 асистенции. На Пејсерс не им помогна ниту одличната партија на Домантас Сабонис кој постигна 28 коша со 22 скокови, додека Малколм Богдон додаде 22 поени.

Феникс Санс сега имаат сооднос на победи и порази 7-3, а ист сооднос имаат и актилените шампиони Лос Анџелес Лејкерс.

 

Сан Антониот Спарс како гости со 125:122 беа подобри од Минесот Тимбервулфс но по продолженијата. Одличен кај Спарс беше Демар Дерозена со 38 поени, додека за Волфс Малик Бисли постигна 29 поени.

 

Минатогодишните финалисти Мајами Хитс успаја, исто така, како гости да ги надиграат Вашингтон Визардс со 128:124. Тројца играч на Хитс постигнаа над 20 коша, а најмногу Тајлер Хиро кој запре на 31 кош и 9 скокови. Џими Батлер со 26 поени, 10 скокови и 9 асистенции беше на чекор до „трипл-дабл“, додека Горан Драгич постигна 21 кош. Кај Визардс, кои иргаа без својот прв стрелец Бредли Бол и најголемото засилување за оваа сезона Расел Вестнрук, најефикасни беа Гарисон Метјуз со 22 и Дени Авдија со 20 поени.

Ламело Бол стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата со „трипл-дабл“ остварување на еден натпревар. Тој во домашната победа на Шарлот Хорнетс од 113:105 над Атланта Хоукс постигна 22 коша со 12 скокови и 11 асистенции, а тоа го постигна со 19 години и 140 дена. Кем Редиш со 21 поен беше најефикансен кај Хоукс.

 

Нов „трипл-дабл“ оствари и Словенецот Лука Дончич во 112:98 домашната победа на Далас Маверикс против Орландо Меџикс, и дуелот го заврши со 20 коша, 11 скокови и 10 асистенции. Тим Хардавеј помеладиот ги воделе Мавериск со 36 коша, а Никола Вучевиќ беше најдобар кај Меџикс со 30 поени и 15 скокови.

 

Данвер Нагетс лесно со 115:103 на гости ги совладаа Филаделфија 76ерс на кои им недостигаа шест играчи. Гери Харис со 21 кош беше најефикасен кај гостите, кај кои Никола Јокиќ со 15 поеини 12 асистенции и 9 скокови беше близу „трипл-дабл“. Рукито Тајриз Макси ги предводеше Сиксерс со 39 поени искористувајќи го неиграњето на Сет Кари, Тобијас Харисј, Шејк Милтон, Матис Тибуле, Џоел Ембид и Бен Сајмонс.

РЕЗУЛТАТИ

Индијана Пејсерс – Феникс Санс 117:125
Далас Маверикс – Орландо Меџикс 112:98
Вашингтон Визардс – Мајами Хит 124:128
Филаделфија 76ерс – Денвер Нагетс 103:115
Шарлот Хорнетс – Атланта Хоукс 113:105
Милвоки Бакс – Кливленд Кавалирс 100:90
Минесота Тимбервулфс – Сан Антонио Спарс 122:125 (продолженија)
Сакраменто Кингс – Портланд Трејл Блејзерс 99:125

 

ТАБЕЛИ

ИСТОК

Филаделфија 76ерс 7 3 70,0
Бостон Селтикс 7 3 70,0
Индијана Пејсерс 6 3 66,7
Орландо Меџикс 6 4 60,0
Милвоки Бакс 6 4 60,0
Њујиркк Никс 5 4 55,6
Кливленд Кавалирс 5 5 50,0
Шарлот Хорнетс 5 5 50,0
Бруклин Нетс 5 5 50,0
Мајами Хит 4 4 50,0
Атланта Хоукс 4 5 44,4
Чикаго Булс 4 6 40,0
Торонто Репторс 2 6 25,0
Детроит Пистонс 2 7 22,2
Вашингтон Визардс 2 8 20,0

ЗАПАД

Феникс Санс 7 3 70,0
Лос Анџелес Лејкерс 7 3 70,0
Лос Анџелес Клиперс 6 4 60,0
Јута Џез 5 4 55,6
Далас Маверикс 5 4 55,6
Портланд Трејл Блејзерс 5 4 55,6
Голден Стејт Вориорс 5 4 55,6
Сан Антонио Спарс 5 4 55,6
Оклахома Сити Тандерс 4 4 50,0
Њу Орлеанс Пеликанс 4 5 44,4
Денвер Нагетс 4 5 44,4
Хјустон Рокетс 3 4 42,9
Сакраменто Кингс 4 6 40,0
Мемфис Гризлис 3 6 33,3
Минесота Тимбервулфс 2 7 22,2

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.