НБА: Трета победа на Пеликанс во четири натпревари, Бакс супериорни против Вориорс

Во еден од сниноќешните натпревари во НБА лигата, гостински пораз забележаа кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс кај Њу Орлеанс Пеликанс со 89:113.

Домашните уште по првата делници имаа водство од 13 поени, а до полувременот предноста на Пеликанс се зголеми на 19 коша (53:34). Мечот го одбележа и високата бројка успешни додавања на домашните играчи од 23 асистенции.

За Њу Орлеанс Пеликанс ова е 16-та победа со 26 порази, додека Лос Анџелес Клиперс имаат сооднос 21-22.

Њу Орлеанс до третата победа во последните четири натпревари ги влечеше Брендон Инграм со 24 коша и 6 асистенции, Јонас Валанциунас додаде 18 поени и 16 скоковои, додека Херберт Џонс додаде 14 коша. Кај Клиперс предничеше Теренс Мен со 15 коша, додека Маркус Морис додаде 12 поени.

Актуелните шампиони Милвоки Бакс ги победија Годлен Стејт Вориорс со 118:99. Бакс силно влегоа во дуелот, првата четвртина ја добија со 37:21 а втората со 40:17, па веќе на полувремето имаа огромни 77:38.

Јанис Адетокумбо ги предводеше победниците со нов „трипл-дабл“ со 30 коша, 12 скокови и 11 асистенции. Крис Мидлтон додаде 23 поени со 7 асистенции, додека Боби Портис впиша 20 коша и 7 скокови. Кај Вориорс најефикасен беше Ендрју Вигинс со 16 коша, Џонатан Куминга додаде 15 поени со 7 скокови, а Стег Кари оствари 12 поени со 8 скокови и 4 асистенции.

Милвоки во моментов се на четвртото место во Источната конференција со 27 победи и 17 порази, додека Голден Стејт се втори во Западната конференција со соодност 30-11.

Оклахома Сити Тандерс на гостувањето ги совладаа Бруклин Нетс со 130:109 прекинувајќи ја низата од пет порази. Оклахома до победата дојде благодарејќи на рекордните сезонава 20 „тројки“ и дури 32 асистенции.

За Тандерс ова е само 14-та победа сезонава со 27 порази, додека Бруклин во впишаа 15-от пораз со 26 победи.

Тандерс до првата победа во 2022 година ги предводеше Шаи Гилгеус-Алескандер со 33 коша, 10 скокови и 9 асистенции, го следеа Лу Дорт со 27 коша и Џош Гиди со 19 поени и 7 асистенции. Кај Бруклин не играше Квин Дјурант, а најефикасен беше Џејмс Харден со 26 коша, 9 асистенци, 7 скокови, 3 блокади и 3 украдени топки. Кем Томас додаде 21 поен.

РЕЗУЛТАТИ

Милвоки Бакс – Голден Стејт Вориорс 118:99
Мемфис Гризлис – Минесота Тимбервулфс 116:108
Њу Орлеанс Пеликанс – ЛА Клиперс 113:89
Бруклин Нетс – Оклахома Сити Тандерс 109:130
Денвер Нагетс – Портланд Трејл Блејзерс 140:108

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Чикаго Булс 27 12 69.2
Мајами Хитс 26 15 63,4
Бруклин Нетс 26 15 63,4
Милвоки Бакс 27 17 61,4
Филаделфија 76ерс 23 17 57,5
Кливленд Кавалирс 24 18 57.1
Шарлот Хорнетс 23 19 54,8
Торонто Репторс 20 18 52,6
Вашингтон Визардс 22 20 52.4
Бостон Селтикс 21 21 50.0
Њујорк Никс 21 21 50.0
Атланта Хокс 17 23 42,5
Индијана Пејсерс 15 27 35,7
Детроит Пистонс 9 31 22,5
Орландо Меџикс 7 35 16.7

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Феникс Санс 31 9 77,5
Голден Стејт Вориорс 30 11 73.2
Мемфис Гризлис 30 14 68.2
Јута Џез 28 14 66,7
Далас Маверикс 22 19 53,7
Денвер Нагетс 21 19 52,5
Лос Анџелес Лејкерс 21 21 50.0
ЛА Клиперс 21 22 48,8
Минесота Тимбервулфс 20 22 47,6
Портланд Трејл Блејзерс 16 25 39.0
Сакраменто Кингс 17 27 38,6
Њу Орлеанс Пеликанс 16 26 38.1
Сан Антонио Спарс 15 26 36,6
Оклахома Сити Тандерс 14 27 34.1
Хјустон Рокетс 12 31 27,9