НБА: Трите водечки екипи на Западот впишаа нови победи

Сите три водечки тимови во Западната конференција на американскат апрофесионална кошаркарска лига НБА, Јута Џез, Феникс Санс и Лос Анџелес Клиперс забележаа победи во дуелите одиграни ноќта кон средата.

Јута Џез на својот паркет со 106:96 ги совлада Оклахома Сити Тандерс. Доашните лошо го отворија дуелот, па гостите на крајот од првата четвртина имаа предност од 17 поени (31:14), но вече до полувремето Џез го презема водството кое во продолжението дистигна и до највисоките 25 поени (98:73) на почетокот од четвртата делница. До крајот на мечот Тандерс успеаја само да го ублажат поразот.

Бојан Богданови беше најдобар стрелец во редовите на Џез со 23 коша и 7 скокови, а се истакнаа и Донован Мичел со 22 и Руди Гобер со 13 коша, 14 скокови и 7 блокади. Кај гостите најефикасен беше Лугуенц Дорт со 42 коша, но ниту неговата рекордна вечер не ги спаси Тандерс од седмиот последователен пораз.

Јута сега има сооднос на победи и порази 41-14 и натаму го држи врвот на Западот и на целата лига, додека Оклахома Сити со сооднос 20-34 е на 13-то место во Западната конференција.

 

Феникс Санс, исто така, на домашен терен со 106:86 ги победија минатогодишните финалисти Мајам Хитс. Како и Јута, и Феникс лошо влезе во мечот и на крајот од првата четвртина губеше со 13 разлија (21:34), но до полувремето успеа да направи пресврт, а со добриот почеток на вториот дел создаде двоцифрена предност која не ја испушташе до крајот на натпреварот.
Најдобар кај Санс беше Деандре Ејтон со 19 коша и 13 скокови, додека Џими Батлер даде 18 поени за Хитс.

Феникс е втор на Западот со 39-15, доека Мајами се шести на Истокот со 28-26.

 

Лос Анџелес Клиперс ја забележаа шестата победа во низа, овојпат на гости кај Индијана Пејсерс со 126:115.

Клиперс го впишаа вториот последователен триумф без Каваи Леонард кој отстуствува поради повреда на десното стапало, па тимот го предводеше поранешниот играч на Пејсерс, Пол Џорџ со 36 поени, 8 асистенции и 7 скокови а Маркус Морис додаде 22 поени за победниците. Кај домашните најефикасни беа Малколм Богдон со 29 и Карис Лаверт со 26 коша.

Клиперс се трети на Западот со сооднос 38-18, додека Пејсерс се деветти на Истокот со 25-28.

 

Дуелот меѓу Минесота Тимберволфс и Бруклин Нетс се одигра со ден одложување во Минеаполис поради трагичното полициско убиство на афроамериканец, поради што средбата започна со минута молчење.

Од почетокот не мечот на паркетот практично постоеше една екипа а домашните статираа, па Нетс кои водеа во текот на целиот натпревар на крајот остварија убедлива победа со 127:97, иако настапија без двете свои големи ѕвезди Џејмс Харден и Кајри Ирвинг. Но на теренот беше Кевин Дјурант кој го водеше тимот со 31 кош, додека кај Волфс се истакна Ентони Едвардс со 27 поени.

Бруклин со оваа победа се израмни со Филаделфија 76ерс на врвот на Источната конференција, и двата тима имаат сооднос 37:17, додека Волфс се последни на Западот и во целата лига со 14-41.

 

Актуелните шампиони Лос Анџелес Лејкерс усепаја со 101:93 како гости да ги совладаат Шарлот Хорнетс во дуелот во кој и двете екипи играа без своите најдобри играчи. Клучен момент беше „тројката“ на Алекс Карузо за водство на Лејкерс од 95:91, на 45 секунди до крајот.

Прваците ги водеше Кајл Кузма со 24 коша, го следеше Денис Шредер со 19 поени а Алекс Карузо додаде 13 коша. Кај поразените најефикасни беа Девонте Греам со 19 поени и Калеб Мартин со 17 коша и 10 скокови.

Лејкерс со 34-21 се петти на Западот, додека Хорнетс со 27-26 се седми на Истокот

 

Извонредно интересно беше во Порталнд каде што Бостон Селтиск со 116:115 ги совладаа домашните Трејл Белјзерс. Џејсон Тејтам постигна „тројка“ за водство на Селтикс од 116:112 на 7,8 секунд пред истекот на времето, а Демиен Лилар возврати исто така со три поена на 5 секунди пред последниот звук на сирената. Потоа на 3,5 секунди до крајот Маркус Смарт не реализираше две слободи фрлања, но во преостанатото време Лилард само ја фрли топката кон обрачот преки целиот терен. Тејтам бепе најдобар кај Селтикс со 32 коша и 9 скокови, додека Лилар постигна 28 поени со 10 асистенции кај Блејзерс.

 

Атланта Хоукс во последниот синоќешен натпревар ги надиграа Торонто Рапторс со 108:103 предводени од 23 поени на Богдан Богдановиќ, додека Рапторс ги водеше Паскал Сиакам со 30 коша.

Атланта е четврта на Истокот со 30-25, а Торонто е 11-ти со сооднос 21:34.

РЕЗУЛТАТИ

Јута – Оклахома Сити 106:96
Индијана – ЛА Клиперс 115:126
Феникс – Мајами 106:86
Минесота – Бруклин 97:127
Торонто – Атланта 103:108
Шарлот – ЛА Лејкерс 93:101
Портланд – Бостон 115:116

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Филаделфија 54 37 17 68.5
Бруклин 54 37 17 68.5
Милвоки 53 33 20 62.3
Атланта 55 30 25 54.5
Бостон 55 29 26 52,7
Мајами 54 28 26 51,9
Шарлот 53 27 26 50,9
Њујорк 55 28 27 50,9
Индијана 53 25 28 47.2
Чикаго 53 22 31 41.5
Торонто 55 21 34 38.2
Вашингтон 53 20 33 37,7
Кливленд 53 19 34 35,8
Орландо 54 17 37 31.5
Детроит 54 16 38 29,6

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Јута 55 41 14 74.5
Феникс 54 39 15 72,2
ЛА Клиперс 56 38 18 67,9
Денвер 54 34 20 63.0
ЛА Лејкерс 55 34 21 61,8
Портланд 54 31 23 57.4
Далас 53 29 24 54,7
Мемфис 52 27 25 51,9
Сан Антонио 52 26 26 50.0
Голден Стејт 52 26 28 48.1
Њу Орлеанс 54 25 29 46.3
Сакраменто 54 22 32 40,7
Оклахома Сити 54 20 34 37.0
Хјустон Р 54 14 40 25,9
Минесота 55 14 41 25.5

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.