НБА: Јута со нов рекорд

Кошаркарите на Јута Џез ноќта кон петокот ги победија Портланд Трејл Блејзерс со 122:103, со 23-та последователна победа, што е нов рекорд на оваа франшиза во НБА лигата.

Џезерите годината ја отворија со домашен пораз од Феникс од 95:106, а потоа нанижаа 23 домашни победо. До оваа сезона 2020/2021, нивниот рекорд изнесуваше 20 победи.

Јута направи пресврт во третата четвртина која ја донби со 21 кош разлика (40:19), надоместувајќи ги заостанувањето од првото полувреме (53:56).

Донован Мичел со 37 коша ги предводеше домашниот тим, а уште пет играчи на Јута имаа двоцифрен број поени. Демиен Лилард го предводеше Портланд со 23 коша, додека СиЏеј Меккалум додаде 19 поени.

 

Лос Анџелес Клипер во бирбата за второт место во Западната конференција со 113:103 го победија Феникс Санс токму кои го држеа ова место на табелата. Мечот се одигра во висок интензитет карактеристичен за плеј-офот, за што сведочат трите технички грешки, два намерни прекршока и две исфрлување.

Клиперс до победата ги предводеа Пол Џорџ со 33 коша и 7 скокови и Каваи Леаонард со 27 поен и по 5 скокови и асистенции. Кај гостите најефикасни беа Девин Букер со 24, Микал Бриџес со 20 и Деандре Ејтон со 18 коша и 10 скокови.

Актуелните шампиони Лос Анџелес Лејкерс загубија на гостувањето кај Мајами Хитс со 104:110.

Мајами ги предводеше Џими Батлер со 28 коша и 7 скокови, додека Виктор Одалипи додаде 18 коша но на шест минути пред крајот на мечот го напушти теренот поради повреда на коленото. Кај Лејкерс, кои и натаму се без Леброн Џејсм и Ентони Дејвисј, најефикасен беше Кантавиус Клодвел-Поуп со 28 коша.

РЕЗУЛТАТИ

Торонто Репторс – Чикаго Булс 113:122
Мајами Хитс – Лос Анџелес Лејкерс 110:104
Оклахома Сити Тандерс – Кливленд Кавалирс 102:129
Далас Маверикс – Милвоки Бакс 116:101
Јута Џез- Портланд Трејл Блејзерс 122:103
ЛА Клиперс – Феникс Санс 113:103
Сакраменто Кингс – Детроит Пистонс 101:113

ТАБЕЛИ

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Бруклин Нетс 36 16 69,2
Филаделфија 76ерс 35 16 68,6
Милвоки Бакс 32 19 62,7
Шарлот Хорнетс 26 24 52,0
Атланта Хоукс 27 25 51,9
Мајами Хитс 27 25 51,9
Бостон Селтикс 26 26 50,0
Њујорк Никс 25 27 48,1
Индијана Пејсерс 23 27 46,0
Чикаго Булс 22 28 44,0
Торонто Репторс 20 32 38,5
Кливленд Кавалирс 19 32 37,3
Вашингтон Визардс 18 32 36,0
Орландо Меџикс 17 34 33,3
Детроит Пистонс 16 36 30,8

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Јута Џез 39 13 75,0
Феникс Санс 36 15 70,6
ЛА Клиперс 35 18 66,0
Денвер Нагетс 33 18 64,7
Лос Анџелес Лејкерс 32 20 61,5
Портланд Трејл Блејзерс 30 21 58,8
Далас Маверикс 29 22 56,9
Мемфис Гризлис 26 23 53,1
Сан Антонио Спарс 24 25 49,0
Голден Стејт Вориорс 24 27 47,1
Њу Орлеанс Пеликанс 22 29 43,1
Сакраменто Кингс 22 30 42,3
Оклахома Сити Тандерс 20 32 38,5
Хјустон Рокетс 14 37 27,5
Минесота Тимбервулфс 13 39 25,0