НБА: Важна победа за Оклахома, Бруклин го изненади Бостон, нов „трипл-дабл“ на Јокиќ

Ноќта од петокот кон саботата кошаркарите на Оклахома Сити извојуваа важна победа во борбата влез во плеј-инот на Западната конференција, совладувајќи ги пред своите навивачи Јута Џез со 130:103 .

Оклахома Сити ја прекина серијата од пет порази која сега има скор од 29-34, исто како и Портланд. ЛА Лејкерс имаат една победа повеќе, а над нив се Јута и Њу Орлеанс со скор 31-33, а воедно овие клубови во моментов се последни кои обезбедија настап во плеј-ин натпреварите.

Се играше изедначено до последната четвртина, кога домашната екипа го засили ритамот и ги доби последните 12 минути со 33:19. Арон Вигинс беше водечки стрелец кај победничката екипа со 27 поени, додека Џош Гиди додаде 18 со 13 асистенции и шест скока.

Во дербито на Западната конференција, во соочувањето меѓу водечкиот Денвер и вториот Мемфис, Денвер славеше со убедливи 113:97, со што ја прекина серијата од три победи на Мемфис. Тоа беше остварено пред сѐ од одличниот Никола Јокиќ кој покрај 18 поени имаше и 18 скока и 10 асистенции. Тоа беше 25-ти „трипл-дабл“ на Јокиќ оваа сезона и неговиот тим победи во сите тие 25 натпревари. Прв стрелец кај Денвер беше Мајкл Портер со 26 поени, додека кај Мемфис Џа Морант имаше 27 поени и десет асистенции.

Бруклин серијата од четири порази ја заврши, и тоа на теренот на кој тоа најмалку се очекуваше. Ги победија Бостон на гости со 115:105. Ваков резултат не се очекуваше особено по првата четвртина, која Бостон ја доби со огромни 37:15.

За Бостон Џејлен Браун постигна 35 поени, а Џејсон Тејтум 22 со 13 скока и пет асистенции. На другата страна одличен натпревар одигра Микал Бриџис кој постигна 38 поени со десет скока.

На Истокот, Њујорк продолжува да се искачува на табелата, овојпат совладувајќи го Мајами на гостински терен со 122:120. Тоа беше осма последователна победа за Њујорк, кој моментално е петти на табелата на Истокот.

Незапирлив за домаќинот беше Џулиус Рендл, кој постигна 43 поени со одличен удар за 16-25. Погоди 8 од 13 обиди за „тројка“ и имаше девет скока. Џејлен Брунсон додаде 25 поени и осум асистенции. На домашниот тим не му помогнаа ниту 33-те поени на Џими Батлер и 29-те на Тајлер Херо.

Голден Стејт продолжија со победи, совладувајќи ги Њу Орлеанс со 108:99, што беше петта победа во низа за актуелниот шампион. Кари и Хигинс сѐ уште не играат за Голден Стејт, но Клеј Томспон и натаму е незапирлив, кој овојпат постигна 27 поени. Дури тројца играчи од клупата на Голден Стејт имаа двоцифрен број на поени (Куминга 19, Џеј Грин 14 и Лемб 11).

Лос Анџелес Клиперс го загубија петтиот натпревар во низа. Сакраменто победи со 128:127, што беше петта победа во низа за „кралевите“ од Сакраменто.

Расел Вестбрук одигра многу добро за ЛА Клиперс, постигна 27 поени со десет асистенции, но сѐ уште ја чека првата победа во новиот дрес. Кај Сакраменто целата петорка беше двоцифрена во поени, а најдобар беше Де’Арон Фокс со 33 поени и по седум скока и асистенции, додека Домантас Сабонис постигна 23 поени со десет скока и седум асистенции.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Орландо 106:117
Атланта – Портланд 129:111
Бостон – Бруклин 105:115
Чикаго – Феникс 104:125
Мајами – Њујорк 120:122
Оклахома Сити – Јута 130:103
Денвер – Мемфис 113:97
Голден Стејт – Њу Орлеанс 108:99
Сакраменто – ЛА Клиперс 128:127
ЛА Лејкерс – Минесота 102:110

ТАБЕЛИ

Источна конференција

1. Милвоки Бакс          45 17
2. Бостон Селтикс        45 19
3. Филаделфија 76ерс  40 22
4. Кливленд Кавалирс  39 26
5. Њујорк Никс            38 27
6. Бруклин Нетс           35 28
7. Мајами Хит              33 31
8. Атланта Хокс           32 31
9. Вашингтон Визардс  30 32
10. Торонто Репторс     31 33
11. Чикаго Булс           29 35
12. Индијана Пејсерс   28 36
13. Орландо Меџик      27 37
14. Шарлот Хорнетс     20 45
15. Детроит Пистонс     15 48

Западна конференција

1. Денвер Нагетс                 45 19
2. Мемфис Гризлис               38 24
3. Сакраменто Кингс             37 25
4. Феникс Санс                     35 29
5. Голден Стејт Вориорс         34 30
6. Далас Маверикс                 33 31
7. Минесота Тимбервулфс      33 32
8. Лос Анџелес Клиперс         33 33
9. Њу Орлеанс Пеликанс        31 33
10. Јута Џез                           31 33
11. Лос Анџелес Лејкерс         30 34
12. Портланд Трејл Блејзерс   29 34
13. Оклахома Сити Тандер      29 34
14. Сан Антонио Спарс           16 47
15. Хјустон Рокетс                  13 49