НБА: Вестбрук во историјата веднаш до Чембрлен

Расел Вестбрук ноќта кон петокот го оствари својот осми последователен „трипл-дабл“ со што стана само вториот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот кому ова му пошло од рака.

Оклахома Сити Тандерс на домашен терен со 117:95 ги победија Мемфис Гризлис, во меч во кој предничеше Пол Џорџ со 27 кошеви. Расел Вестбрук во победата на својата екипа оствари учинок од 15 кошеви, 15 асистенции и 13 скокови. Така, стана само вториот играчи во историјата на НБА со осум последователни „трипл-дабл“ по легендарниот Вилт Чембрлен кому тоа му успеало во 1968 година.

Лос Анџелес Лејкерс со 129:128 ги надиграа Бостон Селтикс, благодарејќи на Ражон Рандон кој постигна кош со звукот на сирената за крај на натпреварот. Леброн Џејсм, исто така, синоќа оствари „трипл-дабл“ со 28 кошеви, 12 скокови и 12 асистенции. Кари Ирвинг беше најдобар кај Бостон со 24 коша.

Индијана Пејсерс беа подобри од ЛА Клиперс, а до победатат ги водеше Бојан Богдановиќ со 29 поени и седум скокови. Мајлс Тарнер додаде 17 коша, а Индијана ја зголеми низата победи на четири натпревари. Монтрезл ХАрел беше најдобар кај Клиперс со 19 поени.

Минесота Тимберволфс беа поразени на гости кај Орландо Меџикс со 112:122. Теренс Рос ја предводеше победничката екипа со 32 поени, а Никола Вучевиќ додаде 21 со 10 скокови. Најдобар поединец кај Минесота беше повторно Карл-Ентони Тоунс со 27 коша и 11 скокови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.