НБА: Вориорс прегазени во Мемфис, Холидеј му ја украде победата на Бостон

Актуелните НБА шампиони тимот на Милвоки Бакс со пресврт дојдоа до победата од 110:107 на гостувањето кај Бостон Селтикс и стасаа на чекор од пласман во конференциското финале во доигрувањето, додека во Мемфис домашните Гризлис ги прегазија Голден Стејт Вориорс со 134:95 и го изборија шестиот дуел во Сан Франциско.

Кога Ал Хорфорд по скок во нападот „закова“ за водство на Селтикс од 105:99 на 2,12 минута пред крајот на петтиот меч од конференциското полуфинале екслодираше од радосте целиот „ТиДи“ Гарден“. Во истата кација Пет Конагтон случајно му ја „расцвета“ аркадата на својот капитен Јанис Адентокумбо и се ченеше дека бранителите на титулата добија удар од кој нема да закрепнат, иако речиси успеаја да избришат 14 поени заостанување во последната четвртина.

Меѓутоа, во следните 90 секунди Селтикс промашуваа и губеа топки, додека Бакс редеа офанзивни скокови, а Адетокумбо и Џру Холидеј гаѓаа „тројки“ и така го анулираа резултатското заостанување.

Бостон накусо го врати водството од 107:105 кога Џејсон Тејтум погоди две слободни фрлања на 30 секунди до крајот, но во преостанатото време клучните потези ги влечеа само гостинските играчи.

Боби Портис по промашеното второ слободно фрлање на Адетокумбо оствари офанзивен скок ја протна топката низ обрачот за водство од 108:107 и му овозможи на Џру Холидеј да ја дозавшри работата. Најдобриот одбранбен играч на сезоната Маркус Смарт не се снајде во напаѓачка улога. Неговиот обид за положување за ново водство на Селтикс го блокираше Холидеј и донесе нов напад за Бакс,. Конатон погоди две слободни фрлања за 110:107 а Бостон не успеаја да дојдат до позиција за „тројка“ и да обезбедат продолжување, бидејќи Холидеј му ја украде топката на Смарт додека ја пренесуваше преку средината на теренот.

Јанис Адетокумбо уште еднаш впиша 40 поени со 11 скокови, па дури 7-те загубени топки немаа значење. Џру Холидеј дуелот го заврши со 24 поени со по 8 скокови и асистенции и 2 блокади. Боби Порстис, исто така, имаше клучна улога со 14 поени и 15 скокови, а Пет Конатон додаде 13 коша.

Селтиск со 34 поени ги преводеше Џејсон Тејтум, а Џејлен Браун впиша 26 поени, 8 скокови и 6 асистенции. Маркус Смарт додае 15 коша, но Селтикс скапо ги чинеа неговите две загубени топки во финишот.

Бакс ги надскокаа Селтикс со сооднос 49-36, погодија 13 „тројки“ од 29 обиди односно 44,8 отсто што всушност им ја донесе победата за водство од 3-2 и можност пред своите навивачи ноќта кон саботата пос редноевропски време во 1,30 часот да ја завршат серијата.

 

Првата шанса за пласман во конференциското финале ја пропуштија Голден Стејт Вориорс кои во Мемефис се соочеја со рекордно висок пораз во доигрувањата, иако Гризлис настапија без својот повреде лиде Џа Морент. Но неговото изостанување домашната екипа ја направи покомпактна и уште помоќна.

Натпреварот во „Федекс Форум“ можеше да заврши уште пет минути пред крајот на третата четвртина. Тогаш заменскиот тренер на гостите Мајк Браун ги повлече своите ѕвезди од паркетот и го потпиша својот прв порас со Вориорс во доигрувањеата, има скор од 12 победи наспроти еден пораз, во кој го менуваше главниот тренер Стив Кер, 2017 година остари 11 победи а 12-та во четвртиот дуел од оваа серија.

Во моментот кога Кари, Томпсон и Грин седнаа на клупата за таму да останат до крајот на мечит, Гризлис имаа „плус 46“ (104:58), а до последната минута од третата четвртина таа предност порасна на „плус 55“ (119:64). Резервистите, сепак, ја добика последната четвртина со 28:15 и спречијата Голден Стејт да се најде меѓу негативните НБА рекордери.

Од друга страна, Гризлис го урнаа клупскиот рекорд според бројот постигнати кошеви на еден натпревар во плеј-офот и уште еднаш докажаа дека се опасни и без Џа Морент, кој со соограчите го прославуваше секој постигнат кош. Инаку во основниот дел од сезоната тимот на Мемфис без Морент одигра 25 натпревари и во 20 од нив остварија победа.

За тимскиот дух укажува податокот дека Дезмонд Бејн, Џарен Џексон џуниор и Тајс Џонс го завршија мечот со по 21 кош. Покрај тоа, Џексон џуниор додаде 8 скокови а Џонс имаше 9 асистенции. Дилон Брукс додаде 12 поени, а по 11 коша постигнаа Зиер Вилјамс и Брендон Кларк.

Вориорс немаа лоша шутерска вечер, но не беа доволно енергични, што го покажува статистиката за предноста на Гризлис во скоковите од 55-37, како и фактот дека домашните имаа и 15 асистенции повеќе (37-22). Кај домашните Клеј Томпсон беше најдобар стрелец со 19 коша, Џонатан Куминга додаде 18 а Стефен Кари 14 поени.

Вориорс втората шанса за завршување на серијата до четири победи и пласман во конференциското финале ќе ја имаат пред своите инавивачи ноќта кон саботата во 4 часот по средноевропско време.