НБА: Вориорс шампиони, Дурант најкорисeн

Кошркарите на Голден Стејт Вориорс ја освоија титулата во НБА лигата откако во големото финале со 4-1 во победи ги совладаа минатогодишните шампиони Кливленд Кавалирс, откако во петтиот натпревар игран во Окленд славеа со 129:120.

Вариорс до втората титула во последните три години, претходната ја освоија во 2015 година, а петта во клупската историја, ги предводеа Кевин Дурант кој постигна 39 кошеви, имаше и седум скокови и пет асистенции, и Стеф Кари со 34 поени, 10 асистенции и шест скокови.

На Кавалирс не им помогна ниту уште една одлична партија на Леброб Џејмс, кој постигна 41 кош покрај 13 скокови и осум асистенции, Кајри Ирвинг додаде 26, а Џеј Ар Смит 25 поени.

За најкорисен играч (МВП) на финалето е прогласен Дурант, кој за својата прва титула во кариерата, откако минатата сезона во Вариорс дојде од Оклахома Сити Тандерс, во секој од петте натпревари постигна повеќе од 30 поени, а финалето го заврши со просек од 35,2 поени, 8,4 скокови и 5,4 асистенции.

Вариорс во текот на годинешниот плеј-оф остварија 16 победи, а од тоа дури 15 последователни, со само еден пораз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.