НБА: Втор пораз на Јута со ред на свој паркет

Кошаркарите на Јута Џез втора вечер по ред се поразени пред својата публика ноќта кон неделата, овојпатсо 105:111 од Мајами Хитс.

Јута многу лошо влезе во мечот и Мајами во раната фаза водеа дури со 25 коша. Обидот на домашните за пресврт започна дури во последната четвртина, во која Бојан Богдановиќ постигна 19 од своите вкупно 26 поени, а Јута дојде до само четири коша заостанување, но целосен резултатски пресврт изостана.

Покрај Богдановиќ кој покрај 26-те коша од кои 6 беа постигнати со „тројка“, 6 скокови и 3 асистенции за 29 минути игра, а го следеа Џордан Кларскон со 25 и Донован Мичел со 22 поени, додека Хитс ги предводеа Тајлер Хиро со 27 и Данкан Робинсон со 22 поени.

По овој втор последователен пораз на свој паркет Јута е шести тим во Западната конференција со соодносот 8 – 5, а пред нив се Лос Анџелес Клиперс со 8-4.

Клиперс ноќта кон неделата остварија победа од 129:102 против Минесота Тимбервулфс. Пол Џорџ со 23 и Реџи Џексон со 21 кош ги водеа Клиперс, а Ентони Едвардс со 21 поен беше најдобар кај Волвс, кои оваа сезона веќе третпат се поразени од Клиперс.

Вашингтон Визардс се зацврстија на првото место во Источната конференциај со победата над Орландо Меџикс со 104:92, оако и играа без својот најдобар играч Бредли Бил, кој отсуствуваше поради смртен случај во семејството. Визардс по првите три четвртини имаа висок плус 23 што не беше достижно за домашните.

Четвртата последователна победа за соодносто 9-4 на Визардс ја обезбедија Спенсер Динвиди со 23 коша, 11 скокови и 6 асистенции, со солидната подршка на Монтрезл Харел со 20 коша, 7 асистеции 6 скокови.

Џастин Холидеј ги постигна своите рекордни 27 поени од клупата во домашниот триумф на Индијана Пејсерс против десеткуваните Филаделфија 76ерс со 118:113. Сиксерс од своите играчи од клупата добија само 21 поен, а изостанувањето на Џоел Ембид, Матис Тајбул и Бен Симонс покажа голем проблем уште по првата четвртина.

РЕЗУЛТАТИ

ЛА Клиперс – Минесота Тимбервулфс 129:102
Јута Џез – Мајами Хитс 105:111
Индијана Пејсерс – Филаделфија 76ерс 118:113
Орландо Меџик – Вашингтон Визардс 92:104
Њу Орлеанс Пеликанс – Мемфис Гризлис 112:101
Торонто Репторс – Детроит Пистонс 121:127
 Кливленд Кавалирс – Бостон Селтикс 91:89

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Вашингтон Визардс 9 3 75.0
Бруклин Нетс 9 4 69.2
Чикаго Булс 8 4 66,7
Кливленд Кавалирс 9 5 64,3
Мајами Хитс 8 5 61,5
Филаделфија 76ерс 8 6 57.1
Њујорк Никс 7 6 53,8
Шарлот Хорнетс 7 7 50,0
Торонто Репторс 7 7 50.0
Бостон Селтикс 6 7 46,2
Милвоки Бакс 6 7 46,2
Индијана Пејсерс 6 8 42,9
Атланта Хокс 4 9 30,8
Детроит Пистонс 3 9 25.0
Орландо Меџик с3 10 23.1

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Голден Стејт Вориорс 11 1 91,7
Феникс Санс 8 3 72,7
Денвер Нагетс 8 4 66,7
Далас Маверикс 8 4 66,7
ЛА Клиперс 8 4 66,7
Јута Џез 8 5 61,5
Лос Анџелес Лејкерс 7 6 53,8
Портланд Трејл Блејзерс 6 7 46.2
Мемфис Гризлис 6 7 46.2
Оклахома Сити Тандерс 5 6 45,5
Сакраменто Кингс 58 38,5
Минесота Тимбервулфс 4 8 33.3
Сан Антонио Спарс 4 8 33.3
Њу Орлеанс Пеликанс 2 12 14.3
Хјустон Рокетс 1 11 8.3