НБРМ со известување во врска со работата на банките, штедилниците, менувачниците и правните субјекти кои издаваат пари

Народната банка ја известува јавноста дека е во постојан контакт со сите финансиски институции за коишто таа е надлежен регулаторен и супервизорски орган (банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари). Овие институции, продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги им остануваат достапни на граѓаните и на правните лица.

Заради непречено остварување на банкарските, менувачките и другите финансиски услуги, ги повикуваме граѓаните и правните лица да ги следат и информациите коишто овие финансиски институции ги објавуваат преку своите официјални комуникациски канали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.