НДП ги напушти и Владата и Собранието

Не прифаќаме одземање на министерството од коалицискиот партнер, за да задоволите коалициски партнер на СДСМ, порача во средата Весел Мемеди, лидер на НДП и потпретседател на Собранието на прес-конференција за предлогот на премиерот Зоран Заев за разрешување на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Со предложената владина реконструкција за нов министер за локална самоуправа е предложен претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Ваквата одлука, како што нагласи Мемеди, партиските тела ја донеле откако Собранието го разреши министерот за локална самоуправа Сухејл Фезлиу.

„Бидејќи целата јавност знае дека сме дале збор дека ќе ја кажеме вистината и само вистината, денеска ја информираме целата јавност за нашиот став. Како прво, не може да има пазар за министерско место, бидејќи оваа министерство секогаш го воделе министри Албанци, и јас немам мандат да правам пазар во име на Албанците и да го доставам оваа министерство на коалициониот партнер на СДСМ“, рече Мемеди.

Информираше дека ќе поднесат неотповикливи оставки од сите директорски места, управни одбори и дека тој ќе се повлече од функцијата потпретседател на Собранието и дека повеќе не е пратеник.

Не може да има пазар за министерско место, бидејќи оваа министерство секогаш го воделе Албанци министри, и јас немам мандат да правам пазар во име на Албанците и да го отстапам оваа министерство на коалицискиот партнер на СДСМ. Немам никаково морално право, ниту едно друго право, да жртвувам една чесна и способна фигура како што е мојот министер Сухејл Фазлиу. Ако коалиционите партнери СДСМ и ДУИ посакуваат да го продолжат нашиот заеднички пат кон заокружување на финалните цели, со најкоректниот и најчесниот партнер што некогаш го имале, НДП, тогаш СДСМ треба да го повлече предлогот за разрешување на нашиот министер, а другиот коалиционен владин партнер ДУИ, да не го гласа разрешувањето на нашиот министер,  рече Мемди.

Како што посочи, тој нема никакво морално право, ниту друго право, да жртвува една чесна и способна фигура како што е министерот Сухејл Фазлиу