Не ја нападнав полицијата, а за пиштолот имам дозвола, вели Салиу

Се огласи новинарот Фуркан Салиу преку Фејсбук страницата на Портал Х, каде напиша дека жали што со неговото однесување предизвикал ситуацијата да ексалира, а за пиштолот вели дека има дозвола.

„Жал ми е што со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е и ако ве разочарав вас што верувавте во мојата работа. Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата.

Што се однесува до пиштолот што беше пронајден во мојот автомобил… Пиштолот е со дозвола и пронајден во мојот автомобил. За време на моето апсење, телефонот и клучевите ми испаднаа од џебот и ги зеде снимателот.
Без судски налог и без јас да бидам присутен како сопственик на автомобилот, беше претресен автомобилот од страна на специјалната единица.

Делото за кое се товарам, напад врз полицаец, не држи вода и никогаш не може да се докаже. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека ќе се видиме наскоро“ пишува Салиу.