„Не бараме повеќе“, Зеленски повторно побара од НАТО тенкови и авиони

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во своето вообичаено раноутринско обраќање преку својот Telegram канал повтори во неделата дека на Украина ѝ се неопходни само еден отсто од авионите и тенковите „кои собираат прашина“ во земјите членки на НАТО, обвинувајќи ги западните партнери дека се неодлучни во врска со обезбедувањето оружје за Киев.

Безбедноста на Украина, тврди Зеленски, е еквивалентна на безбедноста на целата Европа.

„Тоа е она што го имаат нашите партнери, што едноставно пропаѓа во прашина (…) Само еден процент од сите авиони на НАТО и еден процент од сите тенкови на НАТО, еден процент – не бараме повеќе“, рече Зеленски во најновото видео-обраќање.

Според него, потребата да се обезбеди оружје за Киев е став не само на Украина, туку и на „апсолутното мнозинство од населението во Европа“.