5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Не е извесно кога ќе се реализира гласањето за пакетот антикризни закони за Ковид-19

Граѓаните и бизнис секторот сепак ќе ја почекаат државната помош за справување со коронакризата.

-Граѓаните кои што немаат државјанство, тие не се имуни ни на пандемијата ни на сиромаштијата, ни на тешката социјална и економска помош, меѓутоа жалосно е што се оставени на милост и немилост, сега ние како опозиција доведени сме во ситуација да одлучуваме дали ќе бидеме гласот и одбраната на оваа категорија на граѓани кога државата ги оставила скроз во немилост,вели Скендер Реџепи – Координатор на АА и Алтернатива.

Од друга страна аналитичарот Тодор Пендаров вели дека прашањето околу добивањето на државјанство со тројца сведоци е безкомпромисно, а целата ситуација која е предизвикана во сообранието е рејтинг борба на грбот на граѓаните помеѓу Алијанса и Алтернатива против ДУИ.

-Не е само македонскиот блок, туку и ДУИ не го прифаќа .Решение во рамките на деловникот нема, останува политичко решение, а политичкото решение во исто време Алијансата го условува со нов закон за државјанство, изјави аналитичарот Тодор Пендаров.

Вчера власта и опозицијата постигнаа компромис за четирите закони од петтиот пакет антикризни мерки, за помош на граѓаните и фирмите. Но Алијанса за Албанците и Алтернатива веднаш поднесоа илјадници амандмани за да ги блокираат на комисиската расправа.