Не е спорен Ковачки, Заев бега од избори

Станува очигледен стравот од пораз кај премеирот во заминување Зоран Заев и неговата намера до последниот момент да се избегнува соочувањето со гласачите.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДМПНЕ, Христијан Мицкоски, по средбите со челниците на владејачките СДСМ и ДУИ во саботата, Зоран Заев и Али Ахмети, не го соопшти името на предлогот за технички министер за внатрешни работи во преодната влада која ќе ги спроведе предвремените парламентарни избори на 12-ти април.

Но медиумите дознаваат дека станува збор за полковникот на АРМ, Драган Ковачки, зад кого е беспрекорна професионална кариера и дообразование на престижни военообразовни центри на НАТО членките. А дека станува збор за воено лице по разговорот во Владата, за новинарите тоа го потврди и Заев.

И додека за Ахмети, без да го открива името на предложениот кандидат, рече дека станува збор за докажан професионалец кој не бил познат како политички активист во цивилниот живот, за неговиот коалициски партнер Заев постоела дилема дали тоа именување би било уставно.

Но јасно е дека во неможноста да се најде црна дамка во кариерата на предложениот кандидат, Заев оркестиран со неговата министерка за правда Рената Десковска, којашто патем самата си се предложува за македонски член на Венецијанската комсија, влегува во правни толкувања и ја презема улогата на уставен судија.

Експертите треба да оценат дали од Заев и Дескоска споменатиот член 97 се однесува на лица во одбраната и полицијата кои биле во состав на истиот ресор или се однесува и на трансфер од едниот во другиот, и со кој се бара најмалку три години да биле цивили.

Тргнувајќи според толкувањата на Заев, произлегува дека несутавни биле и претходните назначувања на Митко Чавков за прв човек во МВР во редовите на полицијата во минатата ткн пржинска влада во 2016-та, на Силјан Аврамовски кој од тогашната Служба за државна безбедност во 2004 година стана министер за внатрешни работи во владата на СДСМ, а пред него од истата позиција прв човек на МВР стана Љубе Бошкоски во 2001 година во владата на Љубчо Георгиевски во текот на судирот, а уште во 1998 година кога сегашниот коалициски партнер на Заев – Павле Трајанов стана шеф на македонската полиција. И никогаш, особено не СДСМ, не се противеше на тоа.

Притоа може да се набројат и примерите на Славјанка Петровска која СДСМ ја предлага за заемник министер во МВР, а доаѓа на оваа позиција од структура на полицијата. Или, пак, на Зоран Иванов кој беше полковник пред да стане директор во Агенцијата за разузнавање, на Беким Максут кој стана заменик министер за одбрана, исто така, од позиција во АРМ.

Така станува сосема јасно дека желбата на Заев да го проблематизира назначувањето за позиција која е привремена до формирањето на новата влада е обид да се одолговлекува колку е можно повеќе соочувањето со народот. Ако може и да го одложи одржувањето на изборите, иако пред два дена се самохрабреше дека во април СДСМ убедливо ќе победеле.