Не е спорна потребата за противпожарна скала, спорно е што двапати e поскапа од таа во Загреб

Срамота е што по четири години преспан мандат двајцата градоначалници Петре Шилегов и Филип Темелковски се фалат со чистење на дива депонија, како да изградиле небаре нов булевар, во исто време кога Градот Скопје создава дива депонија во Вардариште. Тоа е сигурна потврда дека ништо друго и ништо сериозно немаат сработено, ова денеска преку реакција до јавноста на изјавата на Петре Шилегов го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Што се однесува до изјавите на Шилегов за противпожарната скала го истакнуваме следното: Гледаме како мрзеливиот градоначалник милионер Петре Шилегов се пењави да го одбрани неодбранливото. Шилегов не убедува дека неговата скала, е најубавата скала што може да се набави и притоа да се украдат над 900 илјади евра. Не е спорна потребата за противпожарна скала, спорно е што таа е два пати поскапа од набавката на иста таква скала со таа во Загреб. Или пластично кажано, 1.723.621 евра колку што плаќа Шилегов за неговата скала е повеќе од 794.052 евра колку плаќа Загреб за иста таква скала. Разликата е 929.569 евра што отвора сомнеж дека овие пари завршиле во приватни џебови и е злоупотребен градскиот буџет, велат од партијата.

Оtтаму додаваат дека воопшто не држи тврдењето на Шилегов кој сака да објасни дека неговата скала била поскапа зошто имала корпа, фен, сајла, под и токму поради ова таа вреди речиси 930 илјади евра повеќе.

-Основаните сомнежи се дека чим од една скала Шилегов краде по милион евра, колку краде од сите други работи? Градскиот арамија Шилегов наместо да биде патетичен со тврдењата колку е потребна противпожарна скала, ние со согласуваме со истата неопходност, но не се согласуваме со тоа кога истата се набавува, да се крадат скопјани. Неговото безобѕирно крадење, е навреда на интелигенцијата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција до јавноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.