Не е во ред ние да сме клучниот финансиер на светското здравство, велат од фондацијата на Гејтс

Не е во ред Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс да игра толку голема улога во финансирањето на светското здравство, но нема да се откажеме додека не придојдат други, изјави извршниот директот на фондацијата која ја основаа еден од најбогатите луѓе на планетата и неговата поранешна сопруга,

Фондацијата Гејтс е изложена на критики дека е премногу моќна и влијателна во глобалното здравство, инсистирајќи на некои одлуки вклучително и во Светската здравствена организација (СЗО – WHO), како и дека не презема сразмерна одговорност.

Во годишното писмо објавено во вторникот, извршниот директот на Марк Сазмен одговора на критиките и истовремено објави дека фондацијата годинава ќе потроши 8,3 милијарди долари, што е најголема сума досега.

„Не е во една приватна филантропска организација да е еден од најголемите финансиери на глобалните здравствени напори. Но, да нема забуна, онаму каде што постојат решение да се сочуваат и унапредат животите на луѓето, бие ќе бидеме тука. Нема да престанеме да ги користиме своето влијание и своите пари за да пронајдеме решенија“, вели Сазмен додавајќи дека предводници би требало да бидат државите.

Според него, целта на „Bill and Melinda Gates Foundation“ не е да ѝ се кажува на СЗО и на другите здравствени организации што да прават, туку да им се понудат различни можности и податоци за да би можело да се носат решенија.

Технолошкиот милијардер Бил Гејтс, која ја основа фондацијата со неговата поранешна сопруга претприемачката Мелинда, ја бранеше фондацијата од обвинувањата дека големите пари коишто ги внел во неа и даваат неоправдано влијание врз развојот на светот.

Со вложувањата чијашто цел декларативно е искоренување на некои болести, како на пример маларијата и детската парализа, фондацијата е вториот најголем донатор во СЗО. Тоа е едно од прашањата коешто критичарите редовно го истакнуваа, особено во текот на пандемијата на Covid-19, откако Бил Гејтс силно ги промовираше вакцините против коронавирусната болест направени во досега невиден кус рок за ваков тим медицински препарати, како и поради неговите чести уверувања за избувнувања скорешни нови глобални пандемии.

„Би сакал кога на таа листа би не надминале многу повеќе влади, бидејќи тоа би значело повеќе спасени животи“, напиша во соопштението Сазмен.

СЗО, чиешто раководство е жестоко критикувано од многу светски стручњаци како недоволно стручно компетентно и исполитизирано, минатата 2022 година договори државите членки да ги зголемат своите уплати за да се намалат влоговите на приватните донатори и да ѝ се овозможи на компанијата парите да ги троши пофлексибилно.